за

Новиот Mitsubishi Pajero ќе се нуди и во хибридна изведба

Во 2015 година се очекува новиот Pajero. Култниот теренец ќе се нуди и во изведба со хибриден погон. До 2020 година околу 20 проценти од продажбата на Mitsubishi ќе отпаѓа на хибридни модели.

Со претставувањето на концептниот автомобил GC-PHEV на последниот салон во Токио, Mitsubishi го најави скорото пристигнување на новата генерација на Pajero. Тоа ќе се случи веќе в година. Серискиот модел ќе користи само неколку детали од дизајнот на авангардниот концепт, но затоа целосно ќе го преземе неговиот хибриден погон.

Тешкото карданско вратило станува непотребно

Технологијата во хибридната верзија на Pajero ќе биде чекор над актуелниот Outlander PHEV, со 3,5-литарски бензинец, два електромотора и со нова генерација на куќниот погон на сите тркала S-AWC. Со директното поставување на вториот електромотор на задната оска ќе се избегне потребата од примена на тешко и инертно карданско вратило до задните тркала, а распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски ќе се врши пофлексибилно и побрзо преку електронска контрола.

2R1R0564

Јапонците очекуваат дека 20 проценти од продажбата во одделните моделски гами ќе отпаѓа на верзии со хибриден погон до 2020 година. Првиот чекор е Outlander PHEV, кој веќе постигнува одлични успеси на пазарот, особено во еколошки совесната Скандинавија и на економски помоќните пазари во Европа.

Наследникот на ASX доаѓа во 2016 година

Една година по премиерата на Pajero ќе следува и новата генерација на кросоверот ASX, во стил на концептниот автомобил XR кого што Mitsubishi исто така го претстави лани во Токио. Наследникот на популарнот ASX ќе се нуди и во хибридна верзија, но само со преден погон. Хибридниот систем ќе биде поедноставен од оној во Outlander, за цената на возилото да се задржи во вообичаените рамки. Освен во хибридна изведба, серискиот XR ќе биде достапен и со класични бензински и дизелски мотори. Концептите XR и GC PHEV ќе бидат прикажани и на претстојниот салон во Женева, во март.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Opel Astra OPC отиде во екстремисти

Кина е поважна: Qoros го одложува стартот во Европа