за

Новиот Golf ќе се произведува и во Бразил

Volkswagen инвестира 170 милиони евра во фабриката во Куритиба за Golf да се произведува локално за бразилскиот пазар, како еден од најбрзо растечките пазари во светот.

На синоќешниот состанок со бразилската претседателка Дилма Русеф, првиот човек на тамошната филијала на Volkswagen, Томас Шал, објави дека автомобилскиот гигант ќе инвестира дополнително во фабриката во Куритиба. Бразил се развива постепено во еден од најголемите производители на автомобили во светот.

Инвестицијата од 170 милиони евра е дополнување на вкупната планирана инвестиција во Бразил од 3,4 милијарди евра до 2016 година. Планираната продукција на новиот Golf во фабриката Куритиба го докажува успехот од ланските преговори за отстранување на даночните оптоварувања за странските марки. Со проширувањето на погоните, производствениот капацитет се зголемува за 20 проценти.

Во март годинава Volkswagen do Brasil го одбележа 60-годишното присуство во јужноамериканската земја. Во изминатиот период се произведени повеќе од 20 милиони возила, што го прави Volkswagen најголем производител на автомобили во Бразил. Најуспешен модел е Gol. Во минатата година бразилскиот „народен автомобил“ по 26-ти пат беше најпродаван модел и во оваа година останува на првото место.

Со преку три милиони извезени возила, Volkswagen do Brasil е воедно и најголем извозник во бразилската авто индустрија. Фабриката во Куритиба започна со работа во 1999 година и се вбројува меѓу најмодерните фабрики во концернот. Тука ќе се произведува и лимузинската верзија на Audi A3, покрај моделите Fox, Fox BlueMotion, CrossFox und SpaceFox.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Тест на автомобилски гуми: Едни гуми за цела година?

Најсмешните сервисни повици во историјата