Новиот кросовер NX може да стане најпродаван модел на Lexus

Lexus NX

Компактниот кросовер на база на IS за когошто веќе постојат илјадници нарачки во Јапонија, можно е наскоро да го загрози првото место на RX како најпродаван модел на престижната марка на Toyota.

Продажбата на новиот NX на јапонскиот пазар започна на 29-ти јули и досега компанијата има добиено 8.000 нарачки за домашниот пазар. Првично беше планирано месечно да се продаваат по 700 примероци од моделот. Огромен интерес владее и во Хонг Конг и Тајван, исто како и во Европа, Русија и Кина. На најголемиот пазар за марката, во САД, Lexus веќе има примено 5.000 нарачки пред официјалниот старт на продажбата во ноември. Американските дилери предвидуваат во следната година да продадат 42.000 примероци од NX. Сите пазари значително ги надминуваат плановите.

Некои челници на престижната марка на Toyota веќе предвидуваат дека NX наскоро ќе го престигне поголемиот кросовер RX како најпродаван модел на марката надвор од пазарот во САД. На глобално ниво, RX во минатата година се продаде во 140.700 примероци, од кои 92.100 во САД. Првото место на големиот кросовер важи и за другите регионални пазари.

Lexus NX се произведува во фабриката на Toyotaво Мијата, покрај моделите CT, HS, IS, ES и RX, како и Toyota Highlander и хибридот Sai. Првично беа планирани 80.000 примероци од NX, со што моделот ќе се најдеше на третото место во глобалната продажба, зад RX и ES, но според интересот на пазарот, бројката ќе треба да се коригира за плус 40.000 примероци.

Претходна објаваОва е новиот Kia Sorento
Следна објаваСтар Jaguar „реновиран“ според вкус на новиот дизајнер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here