за

Новиот дизел на Honda потроши 3,6 литри во реални услови

Штедливоста на бензинските мотори на Honda е докажана повеќепати. Отсега истото важи и за дизелските мотори. Во рамките на Маратонот во штедливост Honda CR-V 1.6 i-DTEC потроши помалку и од фабричката декларација.

Во реални услови на возење на патиштата во Велика Британија во должина од преку 500 милји, кросоверот CR-V извозе 77,86 милји со еден галон гориво, што одговара на потрошувачка од 3,6 литри на сто километри. Тоа е речиси една четвртина помалку од фабрички декларираната потрошувачка од 4,5 литри. Во двата дена на маратонот, тимот за тестирање извозе 820 километри по разновидни патишта и услови, со брзина што одговара на реалните услови на возење.

Ова постигнување на CR-V се надоврзува на претходниот триумф во кој Civic 1.6 i-DTEC се пласираше на третото место меѓу 23 возила во Маратонот во штедливост. На рутата во должина од 590 километри, дизелскиот Civic постигна просек од 3,3 литри дизел на сто километри, односно само 0,1 литар помалку од победникот, модел од класата на градските автомобили.

Компактниот кросовер на Honda е од британско производство и како што наведува производителот „нуди впечатлив спој на практичност, со багажникот со волумен до 1.669 литри и перформанси, со 120-те КС и вртежен момент од 300 Nm, како и исклучително ниска потрошувачка.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Bosch има нов систем за штедење гориво

BMW M3 • Беснотилак сокриен во цивилен костум