за

Новиот бензинец на Opel стартува во Zafira

По премиерата на 1.6 SIDI Turbo во кабриолетот Cascada, новиот бензинец ќе се вградува и во семејниот ван Zafira Tourer. Други модели стартуваат наскоро.

Комплетно новиот бензинец од 1,6 литар со директно впрскување на горивото и турбонатполнење, како основни принципи на трендот на смалување на моторите, импресионира особено со испораката на солиден вртежен момент при најниски вртежи. Врвниот бензинец во гамата на Zafira нуди 280 њутнметри веќе при 1.650 вртежи во минута, што е за 12 проценти поголема влечна сила при ниски вртежи во споредба со конкурентските мотори со моќност во дијапазон меѓу 150 и 180 КС.

Opel-ECOTEC-1.6-SIDI-TurboНовиот 1.6 SIDI Turbo ги заменува 1,8-литарскиот безинец со 115 КС и двата 1,4-литарски турбо бензинци со 120 и 140 КС

Новиот бензинец на Opel ја комбинира моќноста од 170 КС со примерни вредности на потрошувачката. Според фабрика, 1.6 SIDI Turbo троши во просек 6,6 литри на сто километри, за што во одредена мера придонесува и серискиот систем старт-стоп. Тоа исто така е врвна вредност во сегментот. Моторот оди во комбинација со новата генерација на шестстепени мануелни менувачи, со скусени и олеснети одови на рачката на менувачот.

Моторот 1.6 SIDI Turbo е првиот од трите нови мотори со висока моќност кои што ќе дебитираат во ванот уште во оваа година. Покрај него се дизелот 2.0 BiTurbo CDTI, со кого Zafira Tourer е најбрз ван во компактниот сегмент, како и комплетно новиот дизел 1.6 CDTI. Последниов има за 70 проценти смалена емисија на СО2 и потрошувачка од 4,1 литри на сто километри

[box type=”shadow” ]Со култивираноста 1.6 SIDI Turbo е идеален за Zafira
Покрај смалувањето на потрошувачката при истовремено зголемување на моќноста, инженерите се посветија и на смалување на бучноста и вибрациите на моторот. Во таа насока е извршено оптимирање на вшмукувачкиот и издувниот тракт. За одвојување на капакот на вентилите од главата на моторот се користат специјални завртки и заптивки. На тој начин инженерите значително ја смалија бучноста на моторот со директно впрскување на гориво, кој поради импулсното согорување, во принцип создава поголема бучност отколку мотор со индиректно впрскување. Со таквиот карактер и со комфорот во возење, моторот 1.6 SIDI Turbo е избран рано да дебитира во компактниот ван Zafira Tourer.[/box]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кина е најголем извозен пазар за Jeep

До 2020 година Кина ќе стане најголем пазар за луксузни возила