Нова шанса за Saab: Доверителите простија 32 милиони евра

Доверителите на шведската марка Saab простија дел од долговите. Со тоа се зголемува шансата за враќање во живот на култната марка. Производството во Тролхетен мирува речиси една година.

Сопствениците на шведскиот производител на автомобили повеќе не се под доверителска заштита, откако неколку доверители се откажаа од долговите. По простувањето на 300 милиони круни или 32 милиони евра, на кинескиот конзорциум Nevs сега му преостануваат околу 400 милиони круни. Тоа значително ја подобрува позицијата на сопственикот Nevs за натамошните преговори, коишто се водат со два производители на автомобили од Азија. Финансиската санација на Saab по уништувањето од страна на американскиот General Motors започна во минатиот август. Производствените ленти во Тролхетен мируваат уште од ланскиот мај.

Објавата на hemmings.com за згаснувањето на култната марка од Шведска (Фото: Hemmings.com)
Објавата на hemmings.com за згаснувањето на култната марка од Шведска (Фото: Hemmings.com)

Претходна објаваHuawei P8: Паметен телефон со пристојна камера и со макси-верзија
Следна објаваБројка на денот: Преку 2.600 електрични автомобили на BMW за еден месец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here