за

Нова техника на осветлување од Mercedes

Светлата со диоди се последен крик во техниката на осветлување. Диодите прво проработеа како соборено светло, потоа ги презедоа сите функции на светлата, а сега е на ред следниот чекор.

Mercedes повторно ќе воведува револуција во светот на автомобилите, и тоа во техниката на осветлување. Левото и десното светло со светлечки диоди за прв пат ќе можат да го осветлуваат патот независно и на тој начин совршено да го распределуваат светлосниот сноп по патот, на пример во свијоци.

Според техничарите на марката, новиот систем ќе овозможи уште подобро и попрецизно осветлување отколку сегашната диодна техника. Функциите се истите, но постоечката техника мора да користи механика за насочување на одделните модули со светлечки диоди. Кај новата техника нема потреба од оваа сложена и скапа механика, туку флексибилното осветлување се постигнува само со вклучување и исклучување на вградените диоди. Информациите што се потребни за активирањето на диодите доаѓаат од камерата која го надгледува патот пред возилото. Премиерата на новата техника е закажана за следната година при фејслифтот на купе лимузината CLS, а потоа ќе следува и нејзино вградување во останатите моделски семејства на Mercedes.

Температурата на светлечките диоди е поблиска до дневната светлина отколку кај ксенонските светла и тоа придонесува за помал замор на окото на возачот. Покрај тоа, диодите трошат помалку струја од халогените или ксенонските светла. Најголемиот проблем е во тоа што доколку прегори една од диодите, мора да се заменува целото светло. Тоа е скапо и може да се изврши само во сервисна работилница. Во секој случај, трајноста на светлечките диоди е петмати поголема отколку на ксенонските светла и изнесува 10.000 работни часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Некоординација или политика: Лос Анџелес и Токио во исти датуми

Volvo наоѓа паркинг без потреба од возачот