за

Нова менаџерска постава во групацијата Volkswagen

Најновите смени во управата имаат за цел да ги подобрат координираноста и синергиите меѓу марките Volkswagen, Audi и Porsche.

volkswagen 7 модели Порше Македонија

Групацијата Volkswagen назначи нови шефови за одделенијата за квалитет и дизајн со цел да се забрза донесувањето одлуки и марките Volkwagen, Audi и Porsche повеќе да си ги следат чекорите.

Почнувајќи од 1-ви јануари, Михаел Нојмајер ќе биде задолжен за одделението за управување со квалитетот на ниво на цела групација Volkswagen. Тој во исто време ќе ја задржи и својата позиција на шеф за квалитет во Audi. Досегашниот директор за квалитет на VW Group, Франк Велш, заминува во пензија по близу 30 години во служба на VW.

Исто така со важност од 1-ви јануари, Михаел Мауер ќе стане главен дизајнер за групацијата VW, задружувајќи ја истата функција што ја има во Porsche. Тој го заменува Клаус Цикиора, порано познат како Клаус Бишоф, кој заминува од компанијата.

Новата серија смени доаѓа по реструктурирањето на врвните менаџерски места, што извршниот директор на концернот, Оливер Блуме, ги започна во септември.

Со новите смени, сите клучни функции сега им припаѓаат на водечките марки во групацијата, пишува во денешното соопштение од Volkwagen:

  • Марката Volkswagen е надлежна за производството и за набавка
  • Audi е одговорна за продажбата и за квалитетот во рамките на концернот
  • Porsche ќе биде главна марка за дизајнот и за развојот

Новата структура ќе овозможи приоритетите да бидат појасни и побрзо да се имплементираат целите, во време кога целата индустрија се соочува со историска пресвртница, посочуваат од Volkswagen.

Во објавата од Волфсбург, шефот Блуме објаснува дека управувањето со клучните места во квалитетот и дизајнот, преку марките Audi и Porsche, ќе помогне и целата групација Volkswagen подобро да им се посвети на своите клиенти.

Клаус Цикиора, порано Бишоф, почна да работи за VW во 1989 година и беше поставен за главен дизајнер за концернот во 2020 година. Тој раководеше со дизајнирањето на Golf од шестата до осмата генерасција, исто како и со електричните модели од семејството ID.

Велш стана шеф за квалитет во концернот во 2021 година. Во својата близу 30-годишна кароера во VW, тој беше главен за техничкиот развој во марката VW, за SAIC VW во Кина и за Skoda во Чешка.

Нојмајер работи во групацијата Volkswagen уште од 1986 година и вршеше управителски функции во техничкиот развој во Audi и Porsche.

Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes вети дека ќе биде уште поекслузивен и го исполнува тоа

Mercedes вложува милијарда евра за фабриките да произведуваат батерии