за

Новата Opel Meriva го следи стилот на знаменосецот Insignia

На салонот во Брисел во јануари ќе биде прикажана новата Meriva. Изгледот на малечкиот ван го следи стилот на Insignia. Повеќе новитети има под хаубата.

Новата Opel Meriva ќе доживее светска премиера на салонот во Брисел, кој ќе ги отвори вратите на 16-ти јануари догодина. Семејниот ван настапува со ново лице во стил на штотуку претставената Insignia. Од топ моделот се преземени благородната хромирана ламела во маската и предните светла, со светлечки диоди за предните светла. Назад исто така светкаат диоди, а хромираната лајсна острана ја облагородува линијата на ванот.

Задните врати што се отвораат наназад се посебен белег на најмалечкиот ван на Opel
Задните врати што се отвораат наназад се посебен белег на најмалечкиот ван на Opel

Под хаубата работи новиот 1.6 CDTI, кој досега се вградуваше во големиот брат Zafira Tourer. Тивкиот дизел на почетокот е достапен во посилната верзија со 136 КС и 320 њутнметри. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 4,4 литри на сто километри, што е десет проценти помалку од претходниот 1,7-литарец со 130 КС. Подоцна ќе следуваат и верзии со помала силина. Покрај дизелот, сите бензински мотори ја исполнуваат нормата Euro-6.

 

Со фејслифтот следува и воведување на нова генерација мултимедиски уреди со дисплеј на допир и говорни команди
Со фејслифтот следува и воведување на нова генерација мултимедиски уреди со дисплеј на допир и говорни команди

Продажните цени ќе бидат објавени откако Opel ќе стартува со нарачките за новиот ван во следниот месец, а првите возила на европскиот пазар ќе им бидат испорачани на сопствениците кој крајот на јануари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Macan е новиот миленик на дамите

Продажбата во Кина го држи Volkswagen во плус