за

Новата Honda CR-V стартува од 21.990 евра

Увозникот Макпетрол ги објави цените за новата генерација на спортскиот теренец CR-V. Раното пристигнување на моделите на Honda на македонскиот пазар повеќе не претставува изненадување, исто како и цената на основниот модел од 21.990 евра. Јапонскиот конкурент на Tiguan за прв пат е достапен во изведба со погон само на предните тркала, што се огледува и во цената.

Во верзијата со дволитарски бензинец со 155 КС и погон напред, CR-V е за 2.000 евра поевтин од верзијата со погон на сите тркала и исто ниво на опрема. Во обата случаи се работи за ниво на опрема Comfort, кое вклучува двозонски автоматски клима уред, темпомат, електрика на сите прозорци и на ретровизорите, радио со команди на волан и леснометални бандажи од 17 инчи.

Второто ниво на опрема е Elegance, кое со доплата од 2.000 евра над основното вклучува дополнително кожа на воланот и рачката на менувачот, автоматика на светла и бришачи, паркинг сензори напред и назад – вклучувајќи камера, блутут и магленки.

До септември единствен дизел во понудата ќе биде 2,2-литарскиот i-DTEC со 150 КС, кој се испорачува само во верзија со погон на сите тркала и стартува од 27.990 евра, во ниво на опрема Comfort. Наесен ќе пристигне и новиот 1,6-литарски дизел со 120 КС, кој неодамна доживеа премиера во Civic. Тој ќе биде достапен и во изведба со погон на предните тркала, со пониска цена, но и со пониска потрошувачка на гориво, како уште една предност од погонот на две тркала.

[nggallery id=23]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Само клучот вреди колку еден автомобил

Правилниот притисок е важен и за гумите