Првата „фабричка фотографија“ од новата серија 7, појзвена случајно на конфигураторот на марката, само во ниска резолуција
Нови фотографии од најзначајниот новитет на BMW за годинава се немаа појавено цел месец. Затоа, пак, сега следуваат фотографии од конечниот изглед што случајно се појавија на конфигураторот на BMW.
Половината од деталите за новиот знаменосец на Баварците се познати, а останатата половина, веројатно уште повеќе спектакуларна, ќе биде позната при премиерата на моделот во среда, на 10-ти јуни, а потоа и на дебито на салонот во Франкфурт, во септември. Но, конечниот изглед на новата серија 7 на BMW по грешка се појави на конфигураторот на марката, заедно со цените на моделите и на дополнителната опрема. Изгледот на каросеријата не претставува изненадување и претставува умерена еволуција на стилот што BMW го негува со децении – со кус и неславен прекин во времето на Крис Бенгл. Ова сепак се првите фабрички фотографии, иако со лош квалитет.
Со аеродинамичниот пакет од M GmbH се нагласуваат спортските црти на новиот знаменосец
За новата „седумка“ ќе стојат на располагање вкупно 13 бои на каросеријата, не сметајќи ги можностите за нарачка на посебна боја во BMW Individual, како и бандажи со пречник од 17 до 20 инчи. За спортскиот пакет М ќе треба да се доплати 5.800 евра, комплет системи за асистенција ќе чини 3.200 евра, додека за хромирани детали на каросеријата ќе бидат потребни уште 900 евра. Телевизиски прием чини 1.300 евра, вграден телефон нешто помалку од 850 евра. Алкантара се добива за 1.440 евра, диодни предни светла за 1.800 евра. За посебна комоција на задната клупа, со можност за легнување на потпирачот за грб, се доплаќа околу 2.200 евра.
Знаменосецот е полесен за 130 килограми од актуелната генерација, благодарение на примената на лесни материјали. Понудата од модели во почетокот ќе ја сочинуваат BMW 730d со 265 КС, исто така во верзија со погон на сите тркала, BMW 740i со 326 КС и BMW 750i xDrive со 450 КС.
Погледнете ги деталите во следната галерија на слики со ниска резолуција, поради преземањето од конфигураторот на BMW.
Првата „фабричка фотографија“ од новата серија 7, појзвена случајно на конфигураторот на марката, само во ниска резолуција
Со аеродинамичниот пакет од M GmbH се нагласуваат спортските црти на новиот знаменосец
Инженерите на BMW заштедија 200 килограми во каросеријата, но дел од заштедата повторно се „губи“ со дополнителната опрема, така што крајното олеснување е 130 килограми во споредба со претходникот
Новата серија 7 на BMW е најлесна во конкуренција со Audi A8 и класата S на Mercedes
Намалената тежина за 200 килограми го постигнува следното ниво на комфор и возни својства. Секако, и потрошувачката профитира
Во новата функција Adaptive, подвозјето автоматски го избира најдоброто дотерување на подвозјето според условите
Во страничната силуета се воочува купеовската завршница, со елегантно спуштање на линијата на покривот
Преостанува само уште чекањето до септември, до светската премиера во Франкфурт. Крајниот изглед и сите новитети веројатно ќе бидат познати веќе во лето
Со препознавањето на гестикулацијата, системот може да одбие телефонски повик …
… да прифати повик …
… да пребарува радио фреквенција …
… да избере функција …
Графиката на корисничкиот интерфејс е значително подобрена
За ракувањето се користи шемата што е веќе воспоставена кај преносните електронски уреди
Секоја функција е придружена со графичка помош
Контролниот дисплеј на клима уредот исто така функционира со допир
На тој начин се постигнуваат повеќе функции на помала површина
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Инструментите користат дигитална шема и се приспособуваат според возачот или според условите
Најголемиот дел од патничката кабина е изработен од карбон
Во производството и примената на карбонот, BMW има стекнато богато искуство со моделите i3 и i8. Присуството на карбон во покривот го спушта и тежиштето на возилото
Паралелно со карбонот, алуминиумски легури се користат за најоптоварените делови од каросериската структура, на пример во кошот на моторот
По црните подрачја на шематскиот приказ се забележува во колкав обем е користен карбонот
Дури и куќиштето на сопирачките клешти е „отворено“ и оптимирано заради намалување на тежината
15 килограми помалку „небалансирана“ маса по тркало. Дури и во сопирачките дискови се користи алуминиум
Споредба на изведбата на ракавецот кај актуелниот модел (лево) и новата серија 7 (десно)
Далечинското „управување“ со возилото при паркирање е светска премиера во сериското производство
BMW серија 7
Премиерата на новата серија 7 се очекува во следниот септември на салонот во Франкфурт
Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.