Првите примероци од новата серија 5 ќе се појават во салоните на BMW веќе во почетокот на следната година. Цената на основниот модел во Германија изнесува 45.200 евра. Неколку месеци по стартот на лимузината ќе следат комби-изведбата Touring и верзијата GT.
BMW ќе ја започне новата година со стартот на продажбата на серијата 5, којашто кај германските дилери на марката ќе се појави веќе на 11-ти февруари. Цената на основниот модел на германскиот пазар изнесува 45.200 евра. Во текот на летото треба да се очекува и комби изведбата Touring, за пред завршетокот на годината да се појави и новиот GT.
Извори од претпријатието откриваат дека „хардкор-патничката“ изведба GT во иднина ќе се води како припадник на серијата 6, додека купето и кабриолетот од актуелната серија 6 ќе „пораснат“ во серија 8. Овие две каросериски изведби ќе бидат претставени во 2018 година.
Осумстепен автоматик во сите моделски изведби освен во 520d
Основниот модел BMW 520d со 190 КС е единствениот во серијата 5 што ќе биде достапен со мануелен менувач. Сите останати моделски изведби располагаат сериски со осумстепен автоматски менувач. Во сериската опрема за германскиот пазар се опфатени и диодни предни светла, како и навигациски систем. Најевтин модел со бензински мотор е BMW 530i со 252 КС и цена од 49.800 евра.
На спротивниот крај од понудата е M550i xDrive, со шестцилиндарски турбо со 462 КС и погон на сите тркала, чијашто цена изнесува 82.700 евра. Гамата на серијата 5 ќе биде крунисана во 2018 година со пристигнувањето на новата генерација на M5.
https://automedia.mk/objavi/25795
Дури и во „најбавната“ изведба, серијата 5 вози со 232 километри на час, додека крајната брзина во останатите верзии е џентлменски ограничена на 250 km/h. Шампиони во штедливост ќе бидат 520d во верзијата ED Edition, со нормирана потрошувачка од 3,9 литри дизел, како и плагин-хибридот 530e со 252 КС, досег на струја до 50 километри и „хибридна“ потрошувачка 1,9 литар бензин на сто километри.
Преглед на моделската гама на серијата 5 на BMW
(ценовник за германскиот пазар)
| Моделска изведба | Мотор (цил./ ccm) | Моќност (КС) | Цена (евра) |
| 530i | 4 / 1998 | 252 | 49800 |
| 530i xDrive | 4 / 1998 | 252 | 52400 |
| 540i | 6 / 2998 | 340 | 57700 |
| 540i xDrive | 6 / 2998 | 340 | 60300 |
| M550i xDrive | 8 / 4395 | 462 | 82700 |
| 520d | 4 / 1995 | 190 | 45200 |
| 520d (A) | 4 / 1995 | 190 | 47450 |
| 520d xDrive | 4 / 1995 | 190 | 50000 |
| 520d ED Edition | 4 / 1995 | 190 | 47750 |
| 530d | 6 / 2993 | 265 | 54300 |
| 530d xDrive | 6 / 2993 | 265 | 56900 |
[FAG id=25798]
















