Новата марка на Nissan го покажа изгледот на првиот модел

На салонот во Њу Делхи, кој почнува за две недели, старо новата марка Datsun ќе го претстави првиот модел од новата генерација. Datsun ќе биде за Nissan и светот, тоа што Dacia е за Renault.

Првиот модел на Datsun е развиен првенствено за индискиот пазар на автомобили и прв е во новата генерација на модели која што ќе почне да се продава од 2014 година. Покрај моделот, премиера доживува и марката Datsun, чие што враќање на сцената беше најавено уште во ланскиот март од страна на Renault-Nissan.

datsun-logo-flare

Овој чекор поставува важен темел и е почеток на ново поглавје во историјата на легендарната јапонска марка, која што со продажбата ќе цели првенствено на големите пазари во раст, како Индија, Индонезија и Русија во 2014 година, а една година подоцна и во Јужна Африка.

Datsun од 21-от век ќе нуди пристапна цена, издржливост и трајност, како вредности кои што се вградени длабоко во генетскиот код на марката

Иако моделите на Datsun ќе бидат развиени различно за секој регионален пазар, концептот ќе биде инспириран од заедничка цел, на идните купувачи на возило во пазарите во раст да им се понуди пријатно возење, ниски трошоци за одржување и експлоатација, како и достапна цена. за постигнувањето на овие цели ќе се погрижи Nissan, како глобална марка со обемна техничка експертиза за локална оптимизација на моделите.

 

 

Претходна објаваШто треба да содржи патната апотека?
Следна објаваНови и поевтини модели од класите A, B и монструм од CLA

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here