за

Новата класа C ќе се нуди и во верзија со пет врати

Магазинот Auto Bild пишува дека идната класа C ќе има дополнителна каросериска верзија, Sportcoupe по пример на GT од сериајта 3 на BMW

Конкурентот BMW веќе го направи тоа, Mercedes нема да мирува. Како што Баварците нудат верзија GT од серијата 3, така и моделот со ѕвезда ќе има верзија со пет врати.

Семејството на моделот од средната класа на Mercedes ќе брои еден член повеќе во претстојната генерација. Новата класа C освен во лимузинска, комби и купе изведба ќе се нуди и како класична комбилимузина со пет врати. Магазинот Auto Bild открива дека моделот со ознака Sportcoupe, чија премиера се очекува во 2016 година, ќе го следи изгледот на купеата со четири врати CLA и CLS, но за разлика од нив, нема да поседува класичен капак на багажникот, туку голема задна врата. Целта е да се конкурира на GT изведбата на серијата 3 од Минхен.

Под хаубата ќе работат четири и шестцилиндарски мотори со дијапазон на моќност меѓу 170 и 333 КС. Цената на Sportcoupe ќе биде повисока од лимузината, односно моделот ќе биде позициониран над класичната каросериска варијанта.

Магазинот Auto Bild пишува дека идната класа C ќе има дополнителна каросериска верзија,  Sportcoupe по пример на GT од сериајта 3 на BMW
Магазинот Auto Bild пишува дека идната класа C ќе има дополнителна каросериска верзија, Sportcoupe по пример на GT од сериајта 3 на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Citan почнува од 11.900 евра

Hyundai ќе вози за светскиот фудбалски шампионат за млади