за

Неуморна страст

Чип Фуз е култно име за вљубениците во тјунингот. Неговите преработки на постоечки модели се маестрални, но има и целосно независни модели, меѓу кои најпознатиот е Hemisfear.

Животната мисија на Фуз се автомобилите претставени преку неговата фантазија и уште подобро интепретирани во јаве од неговата екипа и неброените работни часови поминати, во неговата работилница. Изработката не се темели на користење килограми лимарски кит, туку на вешта изработка на вистински лим со што во најмала рака се задржува вредноста на возилото.

Во емисијата Overhaulin’ на каналот Discovery, сопствениците на обично постари лимени мезимци, биваат “наместени” од страна на најблиските роднини или пријатели. Тие ги опишуваат мечтите на сопственикот чиј автомобил ненадејно “исчезнува”, по што екипата на Фуз го преработува за рекордно брзо време.

Што би било кога би можеле да си дозволите да го “средите” вашето омилено возило онака како што само вие можете да посакате. На ТВ изгледа лесно, брзо и едноставно. Можеби и навистина е така, но не смее да се заборави познатото клише: Патот до славата никогаш не е лесен.

Фактот што Чип првпат почнал да работи на 7 години во компанијата Проџект Дизајн говори доволно. Вистина е тоа дека компанијата била во сопственост на неговиот татко, но кој почнал да работи било што порано од својата барем седумнаесетта година? Не е заслужен само неговиот татко за успехот на Чип, но секако не може ни да се негира неговиот удел. По завршувањето на колеџот за Уметнички Дизајн, тој работи во неколку различни компании специјализирани за преработка на автомобили за приватни клиенти или за големи филмски проекти. Една од компаниите каде што Чип дојде до позиција претседател е компанијата Hot Rods by Boyd на, сега веќе починатиот, Бојд Кадингтон, каде заедно ги изработија најпознатите ремек дела.

Сега Чип е сопственик на компанијата Foose Design во која сеуште неуморно твори затоа што тој е голем визионер и пред се голем уметник и вљубеник во автомобилите и нивното разубавување. Чип секогаш наоѓа начин за да ја истакне “скриената” убавина на возилото видена преку неговите очи. Неговата вредност може да се потенцира со тоа што покрај големата американска автомобилска тројка која знае да побара совети од неговото студио за дизајн, Чип го привлекува вниманието и на европските производители.

Секако светот би бил посиромашен без неговата креативност, барем автомобилскиот дел од светот.

[nggallery id=15]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на средства за полирање

Природната средина во автомобилот