за

Некоординација или политика: Лос Анџелес и Токио во исти датуми

Постојат многу салони на автомобили, но важни салони има само малку. Затоа збунува тоа што моторшоуата во Лос Анџелес и Токио се најавени во исти датуми.

На локалните посетители во Лос Анџелес и Токио нема да им пречи многу тоа што обата салона се одржуваат во исто време, од 22-ри ноември до 1-ви декември, но поинаку е за производителите, кои што се активни на целата земјина топка. Иако во меѓувреме приоритетите се завртија кон кинескиот пазар и за производителите е најважно да учествуваат во Пекинг и Шангај, јапонскиот пазар на автомобили веќе се стабилизираше и незамисливо е на салонот во Токио да отсуствуваат германските или француските марки.

Ако европските марки изберат да настапат во Токио место во Лос Анџелес, тоа значи дека американската публика ќе може повеќе да им се посвети на домашните марки. Ова е само дел од глобалните игри на моќните национални авто индустрии

Поклопувањето на термините не им е важно единствено на американските марки, кои што и по повеќегодишни обиди не успеаја да се пробијат во островската земја. Оттука може да произлезе само заклучокот дека повеќе се работи за политичка одлука под влијание на бизнис интереси, отколку за случајност. На Американците не би требало да им е сеедно тоа што Volkswagen, Toyota и другите големи играчи на глобалната сцена ќе мораат сами да изберат дали е подобро да прикажат повеќе премиери во САД или во Јапонија. Поради паралелното одржување, медиумите само половично ќе известуваат за обата салони. Не може да има вистински победници во ова одмерување на силите на американските авто производители.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Германија ги спасува автопатиштата од пеколната жештина

Нова техника на осветлување од Mercedes