На тест-патека на Mercedes: Овој автобус влегува со сто на час во свијок

Со сто километри на час во свијок во автобус! Намерниците на патеката за тестирање на Daimler во Штутгарт можат да го доживеат и тоа искуство со Setra S 511 HD. Услов е отпорен желудник.

Посетителите намерници во развојниот центар на Daimler во Штутгарт можат да доживеат необично искуство возејќи се во автобус на тркачка патека. Составен дел од патеката се и спектакуларните нагорнини и надолнини, но врвот на доживувањето е влегувањето во остар свијок со радиус од 60 метри, кога автобусот на Setra постигнува агол од речиси 90 степени, влегувајќи во свијокот со 100 километри на час. Покрај тоа, групите посетители можат да се убедат и во способноста на електронските системи во Setra S 511 HD за избегнување ненадејни пречки на патот и запирање во екстремни услови.

Центарот за тестирање во матичната фабрика на Daimler во штутгартското предградие Унтертиркхајм е пуштен во работа кон крајот на 1960-те години и годишно го посетуваат околу 2.500 лица. Патеката со должина од над 15 километри опфаќа најразлични профили на пат, кои на инженерите на концернот им служат за тестирање на возилата во сите услови на возење. Сите видови патишта и терени се верни „копии“ на постоечки патишта и патеки од целиот свет.

Претходна објаваРусите со поддршка за Volkswagen: Дали тоа е порака до Америка?
Следна објаваMitsubishi Outlander е најпродаван плагин-хибрид во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here