
Од јануари до мај годинава, електричните автомобили се приклучиле 6.589 пати на полначите на ЕВН. Засега нема точен податок, колку од тие полнења отпаѓаат на странски возила што доаѓаат или се на транзит низ Македонија.
Пред две недели, ЕВН јави дека почнале со поставување на брзи полначи од нова генерација, којашто овозможува полнење со моќност до 180 киловати. Тоа во основа значи дека возило со батерија од 60 киловати, што е просечна вредност на големина на батерија во СУВ од Ц-сегментот, ќе наполни до 80% за околу 20 минути.
Следната вест оттаму содржи конкретен податок за бројот на приклучувања на целата мрежа од полначи на ЕВН ширум Македонија, од почетокот на годината до завршетокот на мај. Менаџерите уште во текот на одржувањето на саемот Технома, кадешто беше присутен ЕВН со сите свои ограноци, во неслужбен разговор напоменаа дека бележат нагло зголемување во бројот на приклучувања. Конкретниот број е познат сега: 6.589 сесии на полнење.
Мрежата на ЕВН во моментов се состои од 12 брзи ДЦ-полначи – не вклучувајќи ги двата приклучоци со стандард Кадемо – и уште 55 АЦ-полначи. Повеќето од овие полначи располагаат со два приклучоци, така што вкупниот број на возила што може во исто време да ги користат истите е 131.
Дваесет градови располагаат со најмалку еден полнач, имајќи предвид дека полначите обично се поставени на вредни локации, блиску до центарот на градот, на автопатот што минува во близина, покрај паркови.
Вреден податок што би можеле да го споделат ЕВН е, колку од остварените полнења се од странски возила. Туристите, а секако и намерниците, што патуваат со електричен автомобил, обично добиваат навцигациска препорака за патеката до одредиштето, при што се земаат предвид и полначите по пат.
Forthing S7 REEV · Најбензинскиот електричен автомобил на пат од 750 км низ Македонија
Врска до мапата од полначи на ЕВН
https://emobility.evn.mk/charging-stations/ChargerMap.aspx















