Што се случува кога истовремено ќе облечете во латекс еден Mercedes SL и една руска супермоделка? Меѓу нив не може да се случи ништо, но затоа фантазијата проработува.
Марка со премиум провениенција не смее да си дозволи да отсуствува од светот на убавината и модата и ја најавува сезоната есен/зима 2016 со кампањата во којашто како главни ѕвезди се појавуваат руската супермоделка Наташа Поли и Mercedes SL, „облечени“ во латекс скроен од јапонската дизајнерка Ацуко Кудо. За овој потфат да остане овековечен се погрижи и американскиот фотограф Џеф Барк.
Сесијата е направена во активен каменолом во Мајами и на фотографиите ја прикажува типичната игра на Џеф Барк со колористични ефекти и реалистичен стил што потсеќа на поп-арт. Фотографот на објаснува својата инспирација преку примерот на автомобилот, но тоа не значи дека истото не се однесува и на Поли: „Сакав да го осветлам автомобилот на тој начин за неговите форми да се истакнуваат со впечатливата тридимензионалност, а во исто време линиите да се прикажат во друго светло преку втората кожа на прекривката од латекс.“
Латексот е дело на специјалистката Ацуко Кудо. Јапонската дизајнерка живее во Лондон и се прослави по уникатниот начин на користење на материјалот што се припива тесно. Нејзините рачно изработени креации ги носат Бијонсе, Кејт Мос или Лејди Гага. Според Кудо, автомобилот и нејзините креации „навистина се многу слични, секси, со богати облини и донесени до висок сјај.“
















