за

Најскапото моделче на автомобил чини 5,5 милиони евра

Ова Lamborghini е изработено од злато и украсено е со благородни камења. Тоа е осумпати помало од оригиналот, но затоа е 18 пати поскапо од него.

Скапите суперавтомобили не се реткост на широките автопатишта во Дубаи. Во големиот град во Обединетите Арапски Емирати, моќните тркачи како Ferrari FF, Bentley GT или Mercedes SLS се речиси секојдневна појава. Но, и покрај тоа, во моментов сите зборуваат за еден Lamborghini Aventador LP 700-4, поради неговата изработка. Тој е целиот од злато и украсен е со полудрагоцени камења, а со должината од 60 сантиметри е многу помал од обичната верзија. Станува збор за модел на автомобил.

lamborghiniaventador-gold-3

Светкавиот болид изработен во размер 1:8 се уште е прототип и вреди 250.000 евра, во верзијата што се користи за промоција во Дубаи и Абу Даби. Оригиналот ќе биде неспоредливо поскап, но тој треба прво да се изработи. Германецот Роберт Гилпен веќе дванаесет години изработува модели на автомобили од злато, сребро или платина за подобро ситуираните колекционери на автомобилчиња. Златниот Aventador ќе биде врв на неговата работа. Уникатот ќе чини 5,5 милиони еврlamborghiniaventador-gold-1а.

 

Два милиони од цената одат на златото и на благородните камења, половина милион ќе отидат за хуманитарни цели, а остатокот е за покривање на трошоците за изработка и за трудот. Соодветно на 700-те КС на дванаесетцилиндарецот во оригиналниот Aventador кој чини околу 300.000 евра, на седиштата на моделчето се поставени 700 дијаманти. За разлика од прототипот, кој има каросерија од карбон што е само обложена со злато, оригиналот ќе биде целосно изработен од парче злато и ќе тежи 25 килограми. За изработката ќе се користи блок злато тежок половина тон.

Потенцијалниот купувач на моделот ќе треба да плати 5,5 милиони евра. Ако доплати уште половина милион, тогаш ќе добие и вистински Aventador, лакиран ексклузивно во „емиратски златна“ боја. Доколку Гилпен не успее да го продаде моделчето на овој начин, тогаш ќе го даде на аукција, со почетна цена од исто така 5,5 милиони евра. Една германска акционерска кужа процени дека уникатот би се продал за многу повеќе и спомнува дури 10,5 милиони евра. За тие пари се добиваат три примероци од Aventador Veneno, ако во меѓувреме не се распродаде малата серија од најскапиот Lambo – или десет примероци од Bugatti Veyron, по цена од еден милион евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla со промотивна цена од 14.590 евра

Наследникот на Opel Zafira ќе биде спој на ван и теренец