за

Најпродаваните автомобили во Европа во мај

Во последните години Европејците покажуваат најголем интерес за автомобилите од градската класа. Но, еден познат модел од компакт класата и натаму е на првото место во продажбата.

Најпродаван автомобил на европскиот континент во мај е Volkswagen Golf, со 47.202 продадени примероци, односно за дури 16 проценти повеќе отколку во ланскиот мај. Најголемиот дел од продажбата на кралот на компактите отпаѓа на германскиот пазар, каде што во месецот се продале околу 20.000 примероци.

Со значително растојание на второто место според продажбата во Европа се наоѓа Renault Clio, којшто со 27.205 продадени примероци ја потисна Ford Fiesta на третото место со минимален заостаток од 26.875 примероци. Четвртото место припаѓа на Opel Corsa. Иако на овој модел што се произведува во Германија и шпанската Сарагоса му претстои замена со новата генерација на моделот, Corsa се продаде во солидни 21.507 примероци, што е повеќе и од неодамна освежениот Volkswagen Polo со 20.941 примероци.

Водечката десетка ја комплетираат Audi A3, Ford Focus, Peugeot 308, Skoda Octavia и Opel Astra. На европскиот пазар во мај се продале вкупно 1,14 милион нови патнички возила или за 4,3 проценти повеќе отколку во мај минатата година. Најпродавана марка е Volkswagen со 144.545 продадени возила и за 4,4 проценти зголемена продажба.

Најпродавани модели во мај

Марка и модел Продажба мај ‘14 Пораст од мај ‘13 Јан. – мај ‘14 Пораст од јан. – мај ‘13
VOLKSWAGEN GOLF 47,202 +16.1% 227,166 +15.7%
RENAULT CLIO 27,205 +22.6% 128,130 +3.5%
FORD FIESTA 26,875 +1.0% 140,958 +10.3%
OPEL/VAUXHALL CORSA 21,507 -4.3% 106,837 +1.0%
VOLKSWAGEN POLO 20,941 -4.7% 117,987 +1.4%
AUDI A3/S3/RS3 18,620 +19.9% 87,560 +33.6%
FORD FOCUS 18,522 -9.0% 99,852 -0.4%
PEUGEOT 208 18,075 -21.7% 100,190 -12.2%
SKODA OCTAVIA 17,785 +57.4% 87,698 +43.9%
OPEL/VAUXHALL ASTRA 17,370 +1.7% 78,083 -7.5%

 

Најпродавани марки во мај

Марка Продажба мај ‘14 Пораст од мај ‘13 Јан. – мај ‘14 Пораст од јан. – мај ‘14
VOLKSWAGEN 144,545 +4.4% 684,527 +3.0%
FORD 84,996 -2.4% 424,317 +7.2%
OPEL/VAUXHALL 79,840 +5.7% 378,591 +7.4%
RENAULT 71,461 +15.7% 363,363 +11.7%
PEUGEOT 68,911 +4.5% 347,110 +7.9%
AUDI 66,459 +4.1% 318,980 +5.9%
MERCEDES 58,073 +5.3% 273,688 +3.8%
BMW 55,524 +0.8% 280,588 +4.6%
CITROEN 54,657 +3.9% 274,054 +4.3%
FIAT 54,606 -5.0% 266,344 +0.8%

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford го претстави новиот Focus ST – отсега и во дизел верзија

Бугарски крадци на автомобили приведени во Холандија