за

Најголеми трошаџии меѓу електричните модели: Истражување на Auto Bild

Магазинот Auto Bild повторно е во наплив на инвентивност и прави споредба каква што досега не била направена. Прашањето е кој автомобил со електричен погон најштедливо се однесува со енергијата во батериите. Според тестирањето на германскиот магазин, Tesla не се покажува особено економична.

Прашањата кај електричните автомобили секогаш се истите. Колку километри може одреден модел да мине со едно полнење на батериите и колку време трае полнењето? Никој досега не провери или спореди дали некои електрични автомобили можеби се поштедливи од останатите. Сé досега. Германскиот магазин Auto Bild провери и дојде до интересни заклучоци. Најголемото изненадување: „За Tesla е многу необично местото на коешто завршува Model S во оваа споредба, на самиот крај. На 18-то место, заедно со Citroen Berlingo Electric.“

Во споредбата на Auto Bild не станува збор за досег, времетраење на полнењето или моќноста. Tesla обично е на самиот врв во овие категории. Но, овојпат се мери потрошувачката на електричните автомобили. „Кај електричните автомобили воопшто не се зборува за тоа, но исто како кај моторите со внатрешно согорување, тука постојат големи разлики“, пишува магазинот. Потрошувачката не е толку важна за трошоците за возење, како кај моделите со бензински или дизел мотор, поради релативно ниската цена на струјата. Поважно е колку домаќински се однесуваат одделните електрични модели со енергијата во батериите и колкава е ефикасноста на самата погонска спрега.

Tesla Model S со 700 КС троши исто колку Citroen Berlingo Electric со 67 КС

Потрошувачката се наведува во киловатчасови на 100 километри. Tesla Model S P85D троши 17,7 киловатчасови на сто километри, исто колку електричниот Berlingo. Со 700 КС, Model S e најмоќниот автомобил во споредбата на Auto Bild и оваа енормна моќност мора да се обезбеди од некаде. Според магазинот, тоа не значи дека „повисока моќност значи повисока потрошувачка“

Тоа го докажува следниот пример. BMW i3 со 170 КС и просечна потрошувачка од 12,6 kWh/100 km се пласира шести, додека Mercedes B-Class Electric Drive со слична моќност од 179 КС, завршува на 16-то место. Во средината е Renault Zoe со 58 КС и 13,3 kWh/100 km. Можеби објаснувањето за тоа лежи во фактот што моделот на француската марка потекнува уште од 2012 година? Auto Bild ја исклучува таа можност, затоа што Mitsubishi EV и Peugeot iOn, коишто се на пазарот уште од 2010 година, во споредбата се пласирани на третото, односно на второто место.

Кои се најштедливите модели со електричен погон

Марка и модел Потрошувачка

 

(kWh/100 km)

Моќност

 

(KC)

0-100 km/h

 

(s)

Брзина

 

(km/h)

Досег

 

(km)

Tesla Model S P85D 17,7 700 3,3 250 491
Citroën Berlingo Electric 17,7 67 18,7 110 170
Mercedes B-Class Electric Drive 16,6 179 7,9 160 200
Nissan e-NV200 16,5 109 14,0 123 163
Renault Kangoo ZE 15,5 60 20,3 130 170
Ford Focus Electric 15,4 145 11,4 137 162
Mia Electric Car 15,2 32 110 90-130
Smart fortwo electric drive 15,1 75 11,5 125 145
Nissan Leaf 15,0 109 11,5 144 199-250
Kia Soul EV 14,7 110 11,2 145 212
Renault Zoe 13,3 88 13,5 135 240
BMW i3 (60 Ah) 12,9 170 7,9 150 170-190
Volkswagen e-Golf 12,7 115 10,4 140 190
BMW i3 (94 Ah) 12,6 170 7,3 150 300
Citroen C-Zero 12,6 67 15,9 130 150
Peugeot iOn 12,6 67 15,9 130 150
Mitsubishi EV 12,5 67 15,9 130 160
Volkswagen e-Up 11,7 82 12,4 130 160

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Samsung гради трета фабрика за батерии за електрични автомобили

10.000 евра за играчка од Bugatti Chiron