Најголемите моделски погодоци и утки во автомобилската историја

Fiat, „владетелот“ на добриот дизајн буквално се посрамоти со Multipla. Подоцна беше коригиран изгледот, но лошиот имиџот остана

Успешните модели што се продаваат во милиони ја пишуваат историјата. Но, има и големи утки. Ford Edsel, Alfa Arna и Citroen SX се само неколку од моделите што буквално се бламираа на пазарот.

Дали некој модел ќе се продаде во милиони примероци или ќе му предизвика милионска загуба на производителот не зависи од среќата. Отсекогаш биле успешни само оние автомобили што се иновативни, издржливи и пред времето. Тоа го потврдува и првиот бестселер во автомобилската историја. Ford го претстави моделот T во 1908 година, како прв автомобил за народните маси. Тој имаше едноставна и робусна конструкција и беше прв производ од подвижна лента во индустријата воопшто. Tin Lizzy се продаде во преку 15 милиони примероци до 1928 година.

1908 Model TСо марката Ford воедно се поврзува и најголемиот неуспех во историјата на автомобилите. Незавидната титула му припаѓа на Ford Edsel. Шефовите во концернот во 1950-те години решија да ја пополнат празнината меѓу народскиот Ford и луксузниот Mercury со нова марка наменета за средната класа. Таа го носеше името на починатиот син на Хенри Форд: Едсел.

Edsel е една од најскапите утки, со штета од денешни 4 милијарди долари. Ниту дизајнот, ниту издржливоста не беа прифатливи за пазарот
Edsel е една од најскапите утки, со штета од денешни 4 милијарди долари. Ниту дизајнот, ниту издржливоста не беа прифатливи за пазарот

За развој на автомобилот, за изградбата на производствените хали и на продажната мрежа за марката Edsel беа потрошени околу 400 милиони долари, што одговара на денеши четири милијарди долари. За премиерата на моделот на 7-ми септември 1957 година, Ford организираше сопствено радио шоу со легендите Френк Синатра и Луис Армстронг. Ништо од тоа не помогна. Дури и дизајнот беше утнат. Во формата на впечатливата вертикална маска многумина препознаваа женски полов орган, што беше несоодветно за тогашните конзервативни сфаќања. Покрај утката со дизајнот, автомобилот ја имаше и таа несреќа што имаше катастрофално лош квалитет на изработка. Место планираните 200.000 до 300.000 автомобили годишно, до конечното укинување на марката во 1960 година се произведоа само 110.847 примероци.

На Volkswagen му успеа бестселерот Beetle да го замени со уште подобар модел, со Golf. Тоа не успева секогаш
На Volkswagen му успеа бестселерот Beetle да го замени со уште подобар модел, со Golf. Тоа не успева секогаш

На 17-ти февруари 1972, Volkswagen Beetle ја презеде титулата на најпроизведуван автомобил од Ford T со 15.007.034 примероци. Тоа ниту оддалеку не беше крајот на гордоста на германското економско чудо. До крајот на производството во 2013 година, статистиката регистрираше 21.529.464 произведени примероци од „бубата“.

Volkswagen го продолжи успехот на „бубата“ со уште поуспешен модел, со Golf. Од 1974 година, Golf владее со компакт класата, со преку 30 милиони примероци во седум генерации на модели. Конкурентите би биле пресреќни да постигнат само парче од овој успех.

Alfa Arna е најголемиот дебакл на италијанската автоиндустрија. Моделот требаше да комбинира италијански стил и јапонска техника, но излезе обратно
Alfa Arna е најголемиот дебакл на италијанската автоиндустрија. Моделот требаше да комбинира италијански стил и јапонска техника, но излезе обратно

Во 1980-та година конкуренцијата дојде до идеја како да ја прекине превласта на Volkswagen Golf и реши да направи автомобил со италијански дизајн и со издржива техника од Јапонија. Тоа и не беше толку лоша идеја, но само на хартија. На 9-ти декември во таа 1980-та година, Alfa Romeo и Nissan договорија заеднички развој и производство на компактната комбилимузина Arna. До ден денес никому не му е јасно зошто Alfa Arna на крајот заврши со јапонски дизајн и со производство на Југот на Италија.

Место изглед на Alfa и техника на Nissan, Arna имаше јапонски дизајн и се произведуваше на Југот на Италија
Место изглед на Alfa и техника на Nissan, Arna имаше јапонски дизајн и се произведуваше на Југот на Италија
Ниту дизајнот беше силна страна на Јапонците, ниту пак Италијанците умееја да одржуваат каков било квалитет во производството. Во четирите години колку што се произведуваше овој автомобил, според најоптимистичките статистики излегоа одвај 80.000 примероци од Alfa Arna. Планот беше годишно да се произведуваат по 60.000 примероци. Според пореалните бројки, од Arna се произведоа 55.000 примероци, коишто подоцна никој не ги сакаше ниту како користени автомобили, како поради грозниот дизајн, така и поради лошиот квалитет, така што примероците брзо завршија во отпад.

SM како Садо-Мазо. Моторот од Maserati се расипуваше и не се воздржуваше од пиење, а згора на тоа и пневматската амортизација беше ноќна мора
SM како Садо-Мазо. Моторот од Maserati се расипуваше и не се воздржуваше од пиење, а згора на тоа и пневматската амортизација беше ноќна мора

Автомобилите од највисоката класа исто така не се поштедени од неуспех. Моделската ознака SM беше сосема погодена за тоа што судбината го имаше подготвено за купето на Citroen од високата класа. Дизајнот на Citroen SM предизвика одушевување при премиерата на моделот. Но, во отсуство на соодветен мотор за автомобилот, Французите решија да вградуваат мотори V6 од Maserati, коишто ослободуваа меѓу 154 и 180 КС. Моторите беа недоволно тестирани, се расипуваа секојдневно и трошеа многу гориво. На крај следуваше и нафтената криза во 1973 година. Освен проблематичните мотори, нервози предизвикуваше и чувствителната пневматска амортизација. Неуспехот на Citroen SM го документираат 12.950 примероци произведени за пет години.

И Porsche има утка. Моделот 914 имаше мотор од Volkswagen, прво со 80 КС, а потоа и со 110 КС
И Porsche има утка. Моделот 914 имаше мотор од Volkswagen, прво со 80 КС, а потоа и со 110 КС

Porsche, како производител на еден од најуспешните спортски автомобили на сите времиња, со контиунитет на моделот 911 уште од 1963 година, исто така има искуство со модели што пазарот не ги сакаше. Во партнерство со Volkswagen, во средината на 1960-те години беше развиено заедничко спортско возило. Porsche 914 имаше мотор од Volkswagen, што требаше да ѝ обезбеди спортски имиџ

Скапите трошоци му ставија крај на 914/6 по само три години
Скапите трошоци му ставија крај на 914/6 по само три години
на марката од Волфсбург, додека Porsche требаше да добие поевтин модел од 911 со шестцилиндарски боксери. Планот не успеа. Овој автомобил со средишно вграден мотор со 80 КС и моделска ознака 914/4 го понесе прекарот „народен порше“. Следеше моделот 914/6 со посилен мотор со 110 КС, но неговото производство беше толку скапо што Porsche мораше да стави крај по три години и 3.400 примероци од моделот. Од двата модела се произведоа вкупно 116.000 примероци во Volkswagen, во периодот меѓу 1969 и 1976 година.

NSU Ro 80 требаше да биде генијален автомобил, со ванкел мотор, аеродинамична каросерија, врвна безбедност. Но, моторот губеше душа брзо
NSU Ro 80 требаше да биде генијален автомобил, со ванкел мотор, аеродинамична каросерија, врвна безбедност. Но, моторот губеше душа брзо

Автомобилските утки честопати се резултат и од неиздржливата техника. NSU во 1967 година го претстави моделот Ro 80, како прва германска лимузина со ванкел-мотор, произведена во голема серија. Авангардниот модел со аеродинамична каросерија дури ја понесе и титулата автомобил на годината. Двоцилиндарецот со ротирачки клипови постигнуваше пристојни 115 КС, но поради слабото заптивање меѓу обата цилиндра, моторот брзо испушташе душа. Производителот реши бесплатно да ги замени моторите, но и тоа не помогна да се спречи уривањето на имиџот. Проблем среде нафтената криза во 1973 година беше и ненаситната жед на ванкелот. До 1977 година се произведоа само 37.406 примероци од Ro 80.

Меѓу последните утки со неуспешен дизајн, најмногу се издвојуваат Fiat Multipla и SsangYong Rodius. Каросеријата на овие два вана изгледаше толку невкусно што купувачите бегаа од нив на километри.

Претходна објаваГерманија пушта автобуси на струја во јавниот превоз
Следна објаваЕвтината нафта ги урива акциите на Tesla Motors

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here