Најбрзиот трактор на светот вози со 130 километри на час

Доколку на автопат ве престигне трактор, не се сомневајте во сопствениот разум. Најверојатно сте жртва на едно финско лудило.

Производителот на пневматици Nokian и специјалистот за трактори Valtra се здружија со план да го направат најбрзиот трактор на светот. Легендата од рели трките, Финецот Јуха Канкунен, со тракторот Valtra T234 тежок 7,7 тони и со моќност од 250 КС, се пушти по замрзната подлога во Лапонија. Резултатот е 130,165 километри на час. Тоа е воедно максималната брзина што ја постигнува и градското мини Smart, но е сосема доволно за нов гинисов рекорд за најбрз трактор во светот.

Nokian ги испорача гумите за рекордерскиот трактор. Со овој подвиг, финскиот специјалист за пневматици ја прмовираше и неговата серија Hakkapelita TRI, како први тракторски пневматици за зимски условина возење. Светскиот рекорд беше постигнат со гуми со ширина од 440 милиметри напред и 540 милиметри назад, на бандажи од 28, односно 38 инчи. Откако го постави светскиот рекорд, шампионот Канкунен не пропушти да ги испроба и рели-талентите на тракторот. Како изгледаше тоа, погледнете на видеото.

Претходна објаваВнимателно при влечење приколка: Сопирањето е подолго до 50 проценти
Следна објаваHyundai испрати порака видлива од вселената

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here