за

Најбрзата тревокосачка на светот

Англиската филијала на Honda е активна во шампионатот со туристички возила BTCC. За одбележување на нивните успеси, тие ја направија набрзата тревокосачка на светот.

Позната е страста на Британците за мотоспортот. Во сé што има четири тркала, тие гледаат тркачко возило, па нека биде тоа и тревокосачка. Со цел да се одбележат успесите на Honda во трките на кружни патеки, Британската филијала ја направи најбрзата тревокосачка на светот, соодветно именувана Mean Power. Основната функционалност, косењето трева, остана непроменета.

honda mean power 2

Основа на возилото е Honda HF2620. Но, од основата остана само малку. Оригиналната рамка е заменета со кафез од челични шипки од челик. Моторот е преземен од мотоциклот VTR 1000 F, со зафатнина од еден литар во два цилиндра во V, со моќност од 96 КС и во комбинација со шестстепен менувач. За и подвозјето да ги исполни тркачките намери, амортизерите и оските се преземени од понудата на квадови на Honda.

Место сад за собирање на косената трева е вграден дополнителен ладилник, заедно со резервоар за гориво и ладилник за масло. На крајот, врз носечката рамка е поставена каросерија од фиберглас, со форма идентична на оригиналната.

Mean Power тежи 140 килограми и теоретски може да вози до 210 километри на час – само теоретски, затоа што ниту шампионите во BTCC, Мет Нил и Гордон Шеден, не се охрабрија да возат побрзо од 160 километри на час. Со 130 децибели при три четвртини гас, Mean Power е несомнено и најгласната тревокосачка на светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Rolls-Royce бара 100 нови работници

Ford Transit Connect доаѓа в година