за

Наследникот на Opel Zafira ќе биде спој на ван и теренец

Марката со молњата го подготвува наследникот на Zafira за 2017 година. Моделот со име Activa ќе биде комбинација од ван и теренец – и еден од првите модели развиени заедно со PSA.

Интересот на пазарот за кросоверите нема да стивне уште долго. Opel оди на таа карта и за 2017 година го планира наследникот на Zafira, кој ќе биде половина ван – половина теренец. Activa ќе се нуди во верзии со погон на предните и на сите тркала, а за развојот на техничката платформа ќе биде задолќен новиот партнер PSA Peugeot Citroen. Моторите и менувачите, погонот на сите тркала и мултимедиските системи ќе доаѓаат од General Motors, односно од Opel. За прв пат во класата ќе се нудат трицилиндарски мотори со турбонатполнење и со менувач со двојна спојка. И покрај техничката блискост со моделите на PSA, наследникот на Zafira ќе се разликува со изгледот. Во план е втора верзија со седум седишта и продолжено меѓуоскино растојание.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Најскапото моделче на автомобил чини 5,5 милиони евра

Bentley & Co: Луксузните лимузини пораснаа во луксузни теренци