за

Наследникот на Mercedes SLS AMG ќе вози против Porsche 911 Turbo

Новиот суперспортски модел на Mercedes од 2015 година ќе цели пониско од претходникот и со цената ќе се ориентира според Porsche 911 Turbo. Затоа ќе отсуствуваат и неколкуте препознатливи белези на SLS AMG.

Во 2015 година Mercedes ќе го претстави новиот модел GT AMG кој со цената од 130.000 евра ќе му ги поремети сметките на Porsche 911 Turbo. Култното купе од Цуфенхаузен е 30.000 евра поскапо.

Како погонска единица во GT AMG ќе се користи четирилитарски битурбо V8 со 500 КС. При тежина на алуминиумската каросерија од 1,5 тон се постигнува фантастичен сооднос меѓу тежината и силината од три килограми на една коњска сила. И оваа вредност е блиску до Porsche 911 Turbo и ќе му обезбеди на спортското купе на Mercedes да забрзува за помалку од четири секунди до темпо сто. Крајната брзина ќе биде повисока од 300 километри на час.

Mercedes GT AMG е помал и поевтин од суперспортскиот SLS AMG, чија цена изнесува околу 190.000 евра, а во внатрешноста ќе нуди поблагороден амбиент. Највпечатливата разлика со SLS сепак ќе биде во вратите – GT ќе мора да вози со обични место со крилести врати. Новитет е и позиционирањето на командите за мултимедискиот систем. Тие ќе бидат поставени на таван, исто како во авионски кокпит.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Казна од 95.000 евра за брзо возење во Финска

Германците плаќаат во просек 36.500 евра за нов автомобил