Gallardo веќе десет години е на пазарот и полека доаѓа време за наследникот. Италијанците ќе го прикажат изгледот на идниот Cabrera со концептниот автомобил на салонот во Франкфурт.
Со примена на носечка рамка од алуминиум и карбон тежината на наследникот ќе се намали драстично од 1.500-те килограми на сегашниот модел. Каросеријата исто така ќе биде изработена во комбинација од алуминиум и карбон. Компонентите од италијанскиот суперавтомобил ќе се користат и за новата генерација на Audi R8.
Обата модела на концернот Volkswagen и натаму ќе се разликуваат во меѓуоскиното растојание. Lamborghini ќе има незначително поголемо меѓуоскино растојание, додека кај Audi ќе има уште повеќе растојание меѓу оските. На тој начин германскиот модел ќе добие поголема практичност за секојдневието, а Lamborghini ќе остане беспрекорен спортист.
За погонот ќе се користи преработена верзија на 5,2-литарскиот V10 од актуелниот модел, со 600 КС и со вртежен момент од 400 њутнметри. Силата од моторот ќе се пренесува на сите тркала преку шестстепен мануелен менувач, а како алтернатива ќе се нуди менувач со двојна спојка, како замена за автоматскиот менувач кај актиелниот модел. Повеќе нејаснотии остануваат околу името. Во игра е Cabrera, кое верно на традицијата на марката е преземено од славен шпански бик за борба.
