за ,

Нарачките за хибридниот Volvo двапати над очекувањата

Шведската марка наиде на неочекувано голем интерес за нивниот дизелски хибрид врз основа на V60. Соодветно на тоа, продукцијата на комбито ќе се зголеми за двапати.

Во фабриката во шведската Торсланда првично беше планирано да се изработуваат по 150 примероци од хибридната верзија на Volvo V60 на ден. Пазарот покажа дека тоа е недоволно. Затоа, Швеѓаните го корегираа плановите и ја качија дневната продукција на хибридот со дизелски мотор и полнење на батериите на струја на 282 возила. Со корекцијата, годинава ќе се произведат 7.600 примероци од штедливиот модел на Volvo, а во следната година продукцискиот капацитет ќе се зголеми на 10.000 примероци.

Погонската спрега на Volvo V60 Plug-in Hybrid, како што гласи целата моделска ознака, се состои од петцилиндарски турбодизел со 215 КС, кој ја пренесува моќноста напред, и од електромотор од 50 киловати, односно 68 КС, кој ги задвижува задните тркала. Според актуелните норми за одредување на потрошувачката за хибридни возила, Volvo троши 1,8 литар дизел на сто километри, при комбинирана работа на електромоторот и дизелскиот мотор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia најавува модел за 5.000 евра

Audi има проблем со заглавување на воланот