На приватно паркиралиште во Москва изгореа дванаесет луксузни автомобили, вклучувајќи четири примероци Rolls-Royce. Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
На приватно паркиралиште во центарот на Москва денес изгореа луксузни автомобили во вкупна проценета вредност од преку 2,6 милиони евра. Четири возила се од марката Rolls-Royce и исто толку примероци од Mercedes и Porsche. Телевизиските снимки прикажуваа како пожарникарите уште го гаснат пожарот. Сите автомобили се оштетени целосно.
Сите возила се регистрирани на еден сопственик. Полицијата започна со истрага, постојат сомнежи дека се работи за подметнат пожар.
















