за

Москва заглавува најмногу

Според статистиката на TomTom, производител на навигациски уреди, на улиците на Москва владее најголем метеж, во конкуренција на најголемите европски градови. Во просек, дури 66 проценти од улиците на руската метропола се заглавени во текот на едно деноноќие. Следен на списокот е Истанбул, со 55 % застој, пред Варшава, со 42 и Марсеј со 40 проценти.
Палермо во Италија е на петтото место на градови со најголем сообраќен метеж, а по него следуваат Штутгарт, Париз, Рим, Хамбург и Брисел.

Интересен податок кој најдобро сведочи за метежот во Москва. Ако од еден до друг крај на градот, во нормални услови на сообраќај е потребен еден час, во услови на метеж ќе се заглави уште 74 минути, односно ќе се патува дури два часа и четиринаесет минути. Најкритичен за возење во минатата година, според статистиката што TomTom ја црпи од корисниците на неговите навигациски уреди, бил 29-ти ноември.

Возачите во Москва губат 127 часови годишно во застој на градските патишта, во случај кога во нормални услови патувањето од една до друга точка би траело половина час

Од 59 анализирани градови во Европа, возењето причинува најголемо задоволство во Сарагоса. Ако се заглави во сообраќај, во овој шпански град ќе се дојде до одредиштето со задоцнување од само 8 минути, ако тоа е оддалечено на еден час возење од појдовното место.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нема опасност од новото разладно средство

13 000 нарачки за новиот Range Rover