Може ли камион на Volvo да повлече 750 тони и дваесет приколки?

Volvo Trucks веќе има традиција да привлекува внимание со спектакуларни потфати. Последниот пат, дете управуваше камион на градилиште преку далечинска контрола. Ова веќе не е детска работа.

Пристаниште во Гетеборг, Шведска, 40 контејнери наполнети со резервни делови за камионите на Volvo и распоредени на 20 приколки, во влечна композиција долга тристотини метри. Задачата за Volvo FH16 е да ја повлече оваа влечна композиција со тежина од вкупно 750 тони и да помине сто метри. Главниот предизвик при влечењето на овој екстремен товар не е за моторот, туку за менувачот.

Заради симболика, шведскиот производител му ја даде честа да управува со камионот на Магнус Самуелсон, поранешен носител на титулата „најсилен човек на светот“
Заради симболика, шведскиот производител му ја даде честа да управува со камионот на Магнус Самуелсон, поранешен носител на титулата „најсилен човек на светот“

Преку овој несекојдневен потфат, Volvo ја докажа издржливоста на автоматскиот менувач I-Shift, кој во последната генерација располага со редуктор, што овозможува влечење екстремни товари, поаѓање во тешки услови и возење со темпо од само половина километар на час. Volvo FH16 на оваа демонстрација беше целосно стандарден модел, без специјални модификации.

За својот автоматски менувач I-Shift, шведскиот производител на камиони дозволува максимална тежина на влечна композиција до 325 тони при поаѓање. Со влечењето на овој неверојатен товар од преку 700 тони, Volvo Trucks покажа со колкав потенцијал располага автоматскиот менувач I-Shift со додадени редукторски степени.

Колку „тежат“ 750 тони?

  • 57 камиони Volvo FH16
  • 350 спортски теренци Volvo XC90
  • 150 возрасни слонови
  • 4 Boeing 747 Jumbo Jet
  • Повеќе од 4,5 турбини на ветар

Претходна објаваKia Sportage: Бестселерот на марката со „гаранција“ за бестселер во класата
Следна објаваMercedes E-Class: Разоткривање на новата ѕвезда (Дизајн)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here