за

Може да ти го хакирам воланот?

Infiniti Q50 е прв автомобил со електрично управување во нормална продажба. Теоретски е можно хакерите да преземат контрола врз автомобилот преку радио врска.

Системите за асистенција почнаа голема инвазија. Новите генерации на автомобили може да се опремат со системи за самостојно паркирање, за одржување на возилото во лента или за самостојно запирање при опасност. Досега никој не помисли дека е можно електрониката целосно да ја преземе контролата над возилото. Возачот е тој што решава, механиката спроведува, а електрониката треба само да припомогне.

Кај Infiniti Q50 работите се поинакву. Неговото управување во нормални услови функционира електрично. Механиката се вклучува само при дефект. Доколку се хакира контролниот уред на управувањето, со возилото ќе може да се управува однадвор, без потреба воланот да се држи во раце. Во екстремен случај е можно командите на воланот да се свртат, односно возилото да врти влево кога возачот врти во десно и обратно.

Дека не се работи за обична претпоставка неодамна покажаа двајца комјутерски експерти од САД. Седнати на задната клупа на Toyota Prius, тие влегоа во електрониката на возилото преку лаптоп и ги хакираа системот за паркирање и сопирачките. Возачот можеше да го управува возилото, но електрохидрауличните сопирачки откажаа целосно и на крај тоа заврши во ендек. Хакерите влегуваат во електрониката преку мобилниот пристап на интернет и преку блутут интерфејсот. Повеќето авто производители планираат софтверот во нивните возила да се освежува преку интернет. Тоа би им заштедило време и пари на купувачите. Но, по која цена?

Враќањето на километражата на користените автомобили денес стана детска игра. Но, опасноста за упад во системите што се важни за безбедноста во возењето е значително помала. Хакирање возило не е толку лесно како хакирање компутер, затоа што во автомобилите се користат посилни мери за заштита. Огнени ѕидови и чипови за кодирање се стандард. Покрај тоа, секој модел има различни контролни уреди. Не постои „Виндоус“ за автомобил што е дистрибуиран во милиони примероци, така што хакерите би морале да развиваат програма за секој модел одделно. Ако е за утеха: Електронското управување се користи во аеронаутиката веќе 25 години и досега не се познати случаи на упад во системот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салон во Лос Анџелес: Премиера на Honda со погон на водород

Kia му пушти струја на Soul