за ,

Миењето со четки е подобро за бојата од рачното миење

Научна студија тврди дека машинското миење помалку ја оштетува бојата на автомобилите отколку рачното миење. Старомодното чистење предизвикува гребење на површината на лакот.

Обемното истражување спроведено од асоцијацијата PRA докажа дека користењето на автоматски авто перални со новата технологија со митерфибер е најнежно за каросерискиот лак и не предизвикува мерлива абразија. Наспроти тоа, студијата на PRA, која што е меѓу водечките експертски асоцијации за површинска заштита, откри дека рачното миење на автомобилот најмногу ја оштетува бојата, со оставање длабоки гребаници. Тоа конечно стави крај на митот дека рачното миење е најдобро.

Во истражувањето што траеше 15 месеци беа користени четири возила Ford Fiesta. Секое возило имаше различен третман при миењето: Едно се миеше рачно во професионална перална, едно со стандардна најлонска технологија во автоматска перална и едно со користење на новата технологија со митерфибер. Последното возило воопшто не се миеше во тест периодот и служеше како репер. Во 15-те месеци, секоја Fiesta беше измиена 27 пати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Range Rover Sport најбрз во „Празната четвртина“

Тие ќе се натпреваруваат за светски автомобил на годината