Двата најголеми проблеми на возилата на струја се долгото полнење и слабата инфраструктура. Специјалистот Tesla ги решава обата проблема – иако едното решение се покажа неуспешно на едно друго место.
Шефот на Tesla се покажа во подеднакво одлично светло и како шоумен. Основачот на американската марка специјализирана за погон на струја им презентираше на клиентите на Model S дека полнењето бензин во лимузина од вишата класа, на примерот Audi A8, трае двапати подолго отколку замената на батерии во неговата нова лимузина.
Елон Маск планира да ја покрие цела САД со станици за брзо полнење и замена на батерии на автомобили на струја. Полнењето струја ќе биде бесплатно на овие станици и ќе трае околу 25 минути, а ќе се плаќа единствено за услугата на замена на батерии, но затоа ќе се добиваат полни батерии за помалку од две минути.
Идејата со станици за замена на батериите веќе заврши неславно кај пионерот Better Place, израелската компанија која што имаше договор со Renault-Nissan. Но, Маск е бизнисмен што не познава неуспех и неговите визии се покажале многу подолгорочни.