Каросериското ателје Zagato изработи два униката во чест на стотиот роденден на Aston Martin. Дизајнерите и дадоа медитеранска душа на британската марка со спортските автомобили.
Ако некој е убеден дека не постои подобар дизајн на автомобили од оној на британската марка Aston Martin, нека се провери повторно. Италијанското каросериско ателје изработи два укинати врз основа на DBS и DB9 Cabrio. Од работата произлегоа две англиски машини за тркање со италијанска душа.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
Изгледот на покривот на DBS Coupe Zagato Centennial со двата меура потсеќа на моделите на Zagato од 1950-те години. Сопственик на уникатот е млад јапонски претприемач, а за цената на возилото никој не смее ниту да помисли.
Zagato изработува прототипи и модели уште од 1919 година
Отворениот DB9 Spyder Zagato Centennial не го држи во тајност неговиот сопственик. Се работи за колекционерот Питер Рид, од САД, кој е избезумен по новото возило во неговата збирка: „Spyder го спојува препознатливиот елегантен изглед на Zagato со душата, моќта и престижот на Aston Martin.“
Италијанците ги изработија двете возила во чест на стотодишнината на Aston Martin. Но, тоа не се и единствените модели од оваа куќа на кои што работеле дизајнерите на Zagato. Во 1960 година се појави Aston Martin DB4 GT Zagato, а потоа следеа уште многубројни модели. Carrozzeria Zagato има традиција уште од 1919 година во креирањето и изработката на автомобилски каросерии и прототипи, но имаат изработено и неколку сопствени серии од модели кои се значаен дел од историјата.