Порше Македонија го претстави компактниот теренец Porsche Macan во рамките на деветтото издание на модната недела, коешто по традиција се одржуваше и во нивните салони.
Првиот компактен теренец на Porsche со дизајнот и надмоќниот изглед го привлече вниманието на сите присутни љубители на модата и дизајнот. За време на модната недела, прекрасниот нов Porsche Macan можеше да се види и во друштво на многу познати луѓе од модниот свет.
Брендот Porsche е светски лидер кој го движи напред дизајнот во автомобилската индустрија. Porsche е секогаш посакуван на сите модни случувања, а неговото присуство го зголемува значењето и им дава дополнителна вредност на манифестациите од овој тип.
Три моделски изведби на Macan ја сочинуваат понудата. Прв е Macan S со трилитарски V6 со два турбо полнача и 340 КС (250 kW), во комбинација со активен погон на сите тркала и електронски контролирана мулти спојка. Погонот на сите тркала го поседуваат сите модели, исто како и седумбрзинскиоо автоматски менувач. Возилото забрзува до 100 km/h за 5,4 секунди, односно 5,2 секунди со опционалниот пакет Sport Chrono. Максималната брзина е 254 km/h, а потрошувачката на гориво изнесува 9,0 литри на 100 km.
Macan S Diesel е најекономичниот крстосувач на долги патеки во гамата. Со трилитарскиот V6 турбодизел со 258 КС, потрошувачката на гориво изнесува 6.3 литри/100 km. Забрзувањето до 100 km трае 6,3 секунди, а максималната брзина изнесува 230 km/h.
Најмоќниот модел во семејството е Macan Turbo, кој е воедно и најмоќен модел во понудата на компактни теренци на пазарот. Со 3,6-литарски V6 битурбо, овој Porsche модел има 400 КС (294 kW), а забрзува до 100 km/h за 4,8 секунди. Максималната брзина е 266 km/h, додека потрошувачката на гориво изнесува 9,2 литри на 100 km.
Базиран на платформата од Audi Q5, компактниот теренец на Porsche е долг 4,7 метри, широк 1,93 и висок 1,63 метри, со што е за петнаесетина сантиметри покус и осум сантиметри понизок од втората генерација на Cayenne.
Опремата e стандардно богатa, со мултифункциски спортски волан со команди за менувач, алуминиумски бандажи, електромотор за ракување со задниот капак и квалитетен аудио систем. Листата на дополнителна опрема е импресивна, вклучувајќи воздушна амортизација, како единствена понуда во сегментот.


















