за

Луксембург има најмногу возила по жител

Во земјите од ЕУ постојано расте бројот на сопственици на возила. Додека во 2000 година имало 417 возила по 1000 жители, во 2010 година е достигната бројка од 477 возила. Првак е Луксембург

Импресивна е стапката на возила по жител што статистиката ја открива за Луксембург. Во малечката држава има дури 659 возила по 1000 жители, што е далеку над европскиот просек од 477 возила по 1000 жители. Висока стапка имаат и Италија (606), Кипар, Малта и Австрија. Богатата Германија е на деветтото место на најавтомобилски нации, со 517 возила по 1000 жители, следат Франција со 502 возила, Шпанија (480), Велика Британија (470) и Полска (451). Романија бележи најниска стапка, 202 возила на 1000 жители.

Според овие податоци, во Луксембург има трипати повеќе сопственици на возила по 1000 жители отколку во Романија. На меѓународно ниво, САД исто така покажува импесивна стапка, со 627 возила по 1000 жители, што е далеку над просекот во ЕУ. Во Кина, во 2010 година се регистрирани 44 возила по 1000 жители, додека во Индија само 12 возила. Кина бележи рапиден пораст. Споредено со 2000-та година, квотата на моторизација во Кина е зголемена за повеќе од шестпати до 2010 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volvo ветува полнење на батериите за 1,5 час

BMW M6 Gran Coupe: Тркачка машина маскирана во семејна лимузина