за ,

Лондон ќе ги забрани такси возилата со дизелски мотор

Градоначалникот на Лондон смета дека такси возилата со дизелски мотор го загадуваат воздухот во неговиот град. Преку 20.000 возила со дизел ќе исчезнат од улиците и ќе бидат заменети со хибриди.

Такси возилата во Лондон по традиција се црни, но сега тие ќе станат зелени – барем што се однесува до моторот. Во борбата против лошиот воздух во неговиот град, градоначалникот Борис Џонсон ќе ги префрлува црните таксија на хибриден погон. Од 2018 година ќе се дозволуваат само возила што барем на кратко се способни да возат без какви било штетни материи.

Британската престолнина моментно ја опслужуваат повеќе од 20.000 такси возила, од кои повеќето возат со дизелски мотор. Според градската управа токму тие се причината што воздухот во Лондон е меѓу најзагадените во Европа. Измерените вредности за азотен диоксид ги пречекоруваат поставените гранични вредности во ЕУ за 50 проценти. Дизелските мотори се „ахилова пета“ на лондонските такси возила, коментира градоначалникот Џонсон.

Јапонскиот производител Nissan неодамна најави дека ќе понуди такси на основа на минибус за лондонските улици. Се планира и верзија со погон на струја. Британскиот производител Frazer-Nash исто така тестира возило со хибриден погон и седум седишта, во препознатливиот стил на оригиналното лондонско такси. Дури и матичниот производител London Taxis International се подготвува за производство на верзија со хибриден погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светот со молба до Kia: Направете го овој автомобил!

Наместен изборот на Голф за најпопуларен автомобил на Германците