за

Лондонски облакодер што ги топи автомобилите

Нова висококатница во Лондон ги рефлектира сончевите зраци толку силно што се оштетуваат автомобилите кои ќе се паркираат под неа. Градежната фирма му плати неколку илјади фунти отштета на еден сопственик на Jaguar.

Кога извесен господин Мартин Линдзи, по дводневната посета на Лондон се упатил кон автомобилот, забележал еден фотограф како прави снимки од неговиот Jaguar. „Го видовте автомобилов? Сопственикот нема да биде среќен“, му се обратил фотографот. Ретровизорите и знакот на Jaguar биле деформирани. „Јас сум сопственикот “, реагирал Линдзи шокирано.

Првите сомнежи биле дека се работи за дело на вандали. Но, и арматурната табла била оштетена, а вратите и прозорците не покажале никакви знаци на насилство. На ливчето оставено на ветробранот била напишана порака сопственикот да се обрати до една градежна фирма. Во близина на паркиралиштето се гради објект од 37 катови кого локалците го нарекуваат воки-токи поради специфичната форма. Архитектите заборавиле еден детал. Заоблената стаклена фасада на воки-токи и рефлектира сончевите зраци толку силно што од неа се топи пластиката. Како што е случајот и со овој Jaguar.

Како мера на претпазливост, градот Лондон блокирал три места за паркирање, кои што се наоѓаат во фокусот на воки-токи. Моментно се бара решение како да се спречи рефлектирањето од висококатницата. Градежната фирма му надоместила неколку илјади фунти на Линдзи на име на трошок за поправка на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фејслифт на Suzuki Swift: Пониска потрошувачка и диодни светла

700 КС за Audi Sport Quattro