Германците немаат проблеми да привлечат купувачи во своите авто салони, затоа што знаат што е неопходно за тоа. Скара! Opel трета година го организира настанот во целата држава.
Во минатата недела цела Германија мирисаше на скара. Дилерите на Opel по трет пат го организираа големиот зимски настан на кој што присуствуваа стотици илјади потенцијални купувачи и ентузијасти, во неодолива можност да ги запознаат новите модели на марката во друштво со колбас и стек на скара.

„Големото печење на скара во Opel прерасна во задолжителен датум во календарот, на што ни укажува огромниот наплив од посетители“, се радува Др. Карл Томас Нојман. Секако дека и шефот на марката не ја пропушти можноста да ги вкуси специјалитетите на скара и да ужива во атмосферата во авто салоните на Opel.
Што се однесува до автомобилските новитети во салоните, и тие не недостигаа. Најсвежи модели се фејслифтот на Opel Meriva, комбито за авантуристи Insignia Country Tourer, автомобилот што го надополнува паметниот телефон на младите Opel Adam и специјалната серија модели Energy во гамата на Astra и Corsa.
Дополнителен магнет за публиката беше наградната игра, со главни добивки ВИП-карта за фудбалското дерби меѓу Дортмунд и Шалке 04, присуство на рели-купот со Adam или на финалето на изборот на „Топ модел на Германија“.