за

Купето од F-Type врти пробни кругови на Нирбургринг

Следната година Jaguar ќе го пушти во продажба купето од F-Type. Моментно се во тек завршните тестирања, кои британскиот благородник ги врши на патеката Нирбургринг.

Исто како родстерот, чија што европска продажба стартува летово, изгледот на купето се води според студијата C-X16 од салонот во Франкфурт од пред две години. Изгледот на носот, на опашот, исто како и страничната силуета на возилото останаа непроменети, мали разлики од студискиот автомобил се препознаваат само во бандажите, во ретровизорите и во браниците.

Во изгледот купето ќе се раководи според студијата C-X16 со која што пред две години беше најавен наследникот на E-Type
Во изгледот купето ќе се раководи според студијата C-X16 со која што пред две години беше најавен наследникот на E-Type

Под хаубата на возилото долго 4,47 метри и високо 1,3 метар работат истите мотори од родстерот. Покрај трилитарскиот V6 со 340 КС во обичната и 380 КС во верзијата S, купувачите ќе можат да изберат и петлитарски V8 со компресорско натполнење и 495 КС. Долниот дел од понудата ќе го пополни дволитарски бензинец со турбонатполнење и 240 КС, кој се вградува во новиот Range Rover Evoque.

Сите мотори се комбинирани со осумстепен автоматски менувач со можност за мануелно ракување со степените и со систем старт стоп. Се слушаат гласини за верзија R-S со моќност од дури 700 КС, која што во погонот ќе се повика на техниката од студијата со погон со гасна турбина C-X75.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Менување батерии побрзо од полнење бензин

Nissan ќе се трка на струја со 300 километри на час