Лесли Едгар е спасителот на англиската марка на спортски возила TVR. Новиот сопственик открива детали за идната моделска понуда и ветува мошне достапни цени за неговите возила.
Првиот модел во новата сопственост на TVR ќе се појави на пазарот по три години. По кусо време ќе следи и вториот модел. Цените ќе се движат меѓу 60.000 и 90.000 евра. Возилата ќе ја задржат класичната спортска конфигурација, со мотор напред и погон на задните тркала, а во поглед на актуелноста на техниката нема да се оди на последните иновации, туку ќе се задржи обична и достапна техника. Тоа подразбира дека напредните електронски системи целосно ќе отстуствуваат во идните модели на TVR. Фирмата уште не открива дали моторите ќе ги произведува самостојно, како во минатото, или ќе ги набавува истите од друг производител.