за

Користено возило • Chrysler PT Cruiser

Поради ужасно лошиот квалитет, познавачите го нарекуваа Pitty Cruiser или крстосувачот за сожалување. Заинтересираните за купување на користен примерок треба добро да го проверат возилото.

Така е со модата. Кога треба да се добие брз ефект, се оди на впечатливост. Но, штом народот се засити од впечатливиот изглед, ефектот веднаш се губи. Таков беше случајот со моделот PT Cruiser кога Chrysler го претстави во 2000-та година. Во тоа време беше во мода ретро стилот. Дизајнот на PT Cruiser се повикува на автомобилите од 1930-те и 1940-те автомобили, особено на гангстерските автомобили. Изгледот поларизираше уште тогаш.

Денес останаа само ретките љубители на овој изглед. Тоа е меѓу другото и причината зошто овој модел е достапен по пониска цена од другите модели како користено возило. Кој ќе го проголта изгледот, мора да биде подготвен да се соочи и со проблемите со квалитетот.

Мафијашкиот Cruiser е достапен како комбилимузина со пет врати и кабриолет, кој е прочуен по слабата прегледност наназад и по проблемите со протекувањето. Внатрешноста е бездушна и небрижно склопена, како што е вообичаено кај американските автомобили од тој период. Единственото што задоволува е големата просторна понуда. На сите седишта се седи комотно, а и багажникот е поголем отколку кај другите компакти.

CH010_003PT

Прекарот Pitty Cruiser дојде и од моторите. Кој очекува овој автомобил да има силен шест или осумцилиндарски мотор, ќе се разочара. Бензинските мотори се гласни и со непријатен звук. Најпродаван е моделот со 1,6-литарски бензинец со 116 КС, кој не ја поднесува толку добро тежината на возилото од 1,5 тон и повлекува слабо. Дури и посилните мотори од 2,0 и 2,4 литри, со 141 и 143 КС имаат проблеми со тежината на ретро моделот, што од друга страна се рефлектира и во високата потрошувачка на гориво. Шампион во расипништво со горивото е реткиот 2,4-литарец со турбонатполнење и 223 КС.

Дизелите се подобар избор. Моторот од 2,2 литри се нудеше во верзии со 121 и 150 КС. Тој потекнува од Mercedes, тогашен партнер на Chrysler, но без разлика на потеклото, моторот е гласен во неизолираниот Cruiser и не е особено штедлив.

Во поглед на квалитетот нема потреба од многу објаснување. Во секоја категорија PT Cruiser е под просекот, и тоа многу под него. Единствени подрачја каде што нема проблеми се корозијата и издувниот систем.

Заради тоа, заинтересираните купувачи треба да направат темелна проверка и подолго пробно возење пред да се решат да го купат PT Cruiser како користен автомобил. Проблемите може да се насетат по необичните звуци од оските и по ракувањето со мануелниот, но и со автоматскиот менувач. Добро е да се погледне и под возилото, затоа што моторот и менувачот често протекуваат. Тоа што не може да се открие веднаш се големите и тешко отстранливи проблеми со електриката и со електрониката.

CH008_008PTSBE

Најчести причини за напланирана посета на сервис се прекумерна истрошеност на делови од подвозјето и управувањето. Над 100.000 километри речиси не постои Cruiser што не е погоден од овој проблем. Сопирачките исто така се слаба страна на овој Chrysler.

Околу ретро стилот на PT Cruiser се судираат вкусовите. Купувачите кои што се заинтересирани за возилото првенствено поради неговиот изглед, треба темелно да го проверат возилото, најдобро во присуство на експерт. Поради слабиот квалитет, цените на моделот се исклучително ниски. На европските пазари за користени возила PT Cruiser се купува веќе за 1.500 евра.

[box type=”error” ]Вообичаени дефекти:

Дефект на лежиште на попречни водилки
Истрошени амортизери
Зголемен зјај на лежиштата на тркалата [/box]

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фејслифт за најпродаваниот модел на Volvo

Toyota ќе го извезува Yaris во Северна Америка