за

Концептот Volkswagen Taigun ќе влезе во серија во 2016?

Германскиот концерн ќе претстави теренско возило по приомерот на концептниот Taigun врз основа на моделот Volkswagen Up. Одлукатата за влез на моделот во сериско производство уште се чека.

Volkswagen работи под полна пареа на теренското возило врз основа на Up по примерот на дизајнерската студија Taigun, кое што може да се очекува да стартува на крајот на 2015 или почетокот на 2016 година. Студијата беше претставена во октомври 2012 година на салонот во Сао Паоло. За проектот уште се чека финалната одлука, но изгледите се големи, покрај фактот што моментно никоја марка не нуди слично возило на пазарот.

DB2012AU01288_small

Додека Opel Mokka или Renault Captur ја користат платформата на Corsa, односно Clio, Volkswagen се решава како основа да го земе помалиот модел Up. Должината на каросеријата на Taigun изнесува 3,86 метри, со што е значително покус од конкурентите. Се очекува цената на моделот да биде под 16.000 евра, односно 3.000 евра пониско од основната цена на Mokka, но малку поскапо од Captur.

DB2012AU01207_small

Бидејќи платформата од моделот Up е продолжена за пет сантиметри, на задната клупа се ослободува повеќе простор за патниците. Багажникот има волумен од 280 литри и со соборување на задната клупа се зголемува на точно 1.000 литри.

Освен трицилиндарскиот турбобензинец со 110 КС од студијата, серискиот модел ќе вози и со обичните атмосферски мотори од Up, со моќност од 60 и 75 КС. За разлика од Up, во моделската понуда на Taigun се планира и дизелски мотор, со кој потрошувачката на гориво би се спуштила на помалку од четири литри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus најавува премиера за купето RC на салонот во Токио

Opel Adam има најдобро мрежно поврзување во класата