за

Комбито од Honda Civic се враќа по две децении

По повеќе од две децении се враќа комбито во гамата на Civic. Практичната каросериска изведба ќе ја зголеми продажбата на моделот во Европа, но таа може да биде интересна и од друг аспект.

Јапонците ќе имаат една од најзначајните премиери на претстојниот салон во Франкфурт и го покажуваат тоа со раното објавување на првите фабрички фотографии. Civic Tourer е комби изведбата во гамата на компактот Civic и влегува во сегмент што по традиција наидува на одлична прифатеност кај купувачите. Продажбата на комбито ќе стартува в година, со понуда на мотори во која влегува и фамозниот нов дизел од 1,6-литар, со „волшебни“ седишта, приспособлива амортизација назад и со огромен багажник со двоен под.

honda civic tourer

Tourer има идентична ширина и висина со комбилимузинскиот Civic, но со 4,52 метри е значително подолг. Дополнителните 23,5 сантиметри во должина овозможуваат плус од 147 литри во и без тоа рекордно големиот багажник на стандардниот Civic. Висината на товарниот раб од 56,5 сантиметри е околу 14 сантиметри подолу отколку кај комбилимузината, што го олеснува товарењето во багажникот со максимален волумен од 1.668 литри. Со исправена задна клупа, назад собира 624 литри – според Honda, не постои модел во компакт и средната класа што нуди повеќе простор од тоа.

Со поставувањето на резервоарот под предните седишта, што е еден од најпрепознатливите белези на секој Civic, се овозможува особена флексибилност на задната клупа. Новитет е приспособливата амортизација на задната клупа, со три степени на тврдост – комфорен, спортски и динамичен – кои се избираат зависно од натовареноста или чисто според желбата на возачот.

Производството е во фабриката на Honda во Велика Британија. Висината на доплатата уште не се открива, но може да се смета на вообичаените 1.000 евра над комбилимузинскиот модел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi произведува и гориво за своите возила

Mazda ќе произведува и мотори во Мексико