за ,

Комбито е четвртиот член во семејството на класата A на Mercedes

Последниот член во големото моделско семејство на најмалечкиот Mercedes е тоа што се очекуваше: Комби-купе со име Shooting Brake во стилот на големиот брат CLS

Прототипите на идниот CLA Shooting Brake фатени на завршно тестирање покажуваат дека новиот модел со техниката од класата А за многу скоро време ќе се најде во продажните салони на марката со сребрената ѕвезда. Серискиот модел може да се очекува веќе кон крајот на оваа или во почетокот на следната година.

Изгледот на стилското комби има приоритет над големината на багажникот

CLA Shooting Brake е четвртиот модел во семејството на најмалечкиот Mercedes, покрај комбилимузината со пет врати, лимузината CLA и компактниот теренец GLA – меѓу другото, и класата В ја користи истата платформа. Фотографиите на кои што возилото е речиси немаскирано, откриваат дека малечкото стилско комби ги следи линиите на големиот CLS Shooting Brake. Стилската завршница на каросеријата покажува дека изгледот има приоритет над практичноста и максималниот волумен на багажниот простор, но во секој случај комбито во овој поглед ќе нуди повеќе од комбилимузината или лимузината.

mercedes cla sb 2

Големото комби од CLS е поскапо повеќе од двапати

Моторите се исти како во CLA, што значи дека во понудата се дизели од 1,8 литар со 136 и 170 КС, како и четирицилиндарски бензинци со моќност од 122, 156 и 211 КС. Секако дека по неколку месеци од стартот на моделската серија ќе следува и верзија од AMG, со дволитарскиот турбобензинец со 355 КС и погон на сите тркала, од A 45 AMG. Исто како кај секое комби, CLA Shooting Brake ќе чини неколку илјади повеќе од стандардната лимузина. Според актуелниот ценовник на Макауто Стар, лимузината CLA стартува од 29.280 евра во верзијата CLA 180. Тоа ќе биде речиси неодолива понуда да се вози стилско комби, покрај најевтината верзијана CLS Shooting Brake, која чини 77.070 евра како 250 CDI.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибридниот Golf ќе ја носи ознаката GTE

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот