Пред патувањето во странска земја, добро е да се познаваат сообраќајните правила во земјата. Казните за сообраќајните прекршоци во повеќето европски држави се повисоки отколку кај нас, но некаде се и пониски.
Норвешка, Шведска и Италија предводат во ригорозноста на почитувањето на сообраќајните правила. Доколку во Норвешка се вози 20 km/h побрзо од дозволеното, мора да се смета на казна во висина од 420 евра. Шведска го казнува ова пречекорување на дозволената брзина со 270 евра, Италија со 170 евра. За споредба, казната во Германија изнесува 35 евра, во Австрија 30 евра. Ситуацијата е поинаква ако станува збор за возење со 50 km/h над дозволеното. Во Велика Британија и во Австрија, за тоа следува казна во висина до 3.300 евра, односно 2.180 евра, зависно од брзината.
Најстрогите казни сепак се изречуваат при возење под дејство на алкохол. Во Италија, при 1,5 промил алкохол во крвта, може дури и да се одземе возилото, доколку неговиот сопственик бил зад воланот. Истата мерка се предвидува и во Данска, доколку возачот има над 2,0 промили алкохол во крвта. Норвешка ги казнува со 600 евра возачите со повеќе од 0,2 промили алкохол, но најстрого е во Шведска и Шпанија. Доколку во скандинавската земја се вози со повеќе од 1,0 промил алкохол, следува затворска казна, исто како и во Шпанија (над 1,2 промил).
За телефонирањето без уред за слободно разговарање исто така се предвидуваат дебели казни. Во тој поглед е најстрого во Холандија (230 евра), Данска (200 евра) и Италија (160 евра). Погрешното паркирање ги чини возачите најскапо во Холандија и Норвешка (по 90 евра), во Шпанија (до 200 евра) и во Данска (70 евра).
Плаќањето на казната е најдобро да се изврши веднаш. Италија и Шпанија одобруваат високи рабати при моментно плаќање. Во некои земји, пак, висината на казната се одредува според месечниот приход. Постојат случаи кога возачите морале да платат казни во висина од стотици илјади евра. Според заработката.

Појаснувања: Казните се однесуваат на сообраќајни прекршоци со патничко возило. Износите се евра (на заокружена вредност). МП = месечна плата. ДН = дневница (пресметка според месечна плата, во Финска до најмногу 120 ДН. За почетници возачи и професионални возачи некаде важат построги граници на промили. ** = минимална казна преку ден, ноќе (22-07 часот) за една третина повисоки казни. *** = 0,0 промили за возачи моторни возила со дозволена тежина над 3,5 тони, односно повеќе од 9 седишта. Слични казни како за алкохол во некои земји се плаќаат и за возење под дејство на наркотици. Покрај тоа се одзема и возачката дозвола, а во потешки случаи и лишување од слобода. Податоците се ориентациски.
















