за

Колку издржуваат денешните автомобили?

Тој што редовно го сервисира својот автомобил има шанси со истиот мотор, менувач, алтернатор, турбополнач и стартер да вози сé додека не дојде време за носење во отпад.

Како што пишува германскиот магазин auto motor und sport, овие делови денес издржуваат и по 250.000 километри, односно колку што е предвидениот нормален век на експлоатација на возилата, доколку сопственикот редовно ги менува моторното масло, филтрите и другите важни средства за подмачкување, како на пр. маслото во менувачот. „Во принцип, возилата денес издржуваат меѓу дванаесет и 14 години, односно 250.000 километри, независно од класата на возилото, на моторот и од менувачот“, објаснува Карстен Граф, експерт на клубот АДАК.

Истото важи и за повеќето помошни агрегати, како стартерот, алтернаторот, турбополначот и пумпите. Разлика меѓу дизелските и безинските мотори во обој поглед повеќе не постои, оценува експертот. Дури и вообичаените потрошни делови денес трааат многу подолго, благодарение на подобрениот квалитет. Издувниот систем, на пример, денес издржува по 100.000 километри. Исто толку треба да издржат и пружините, оските и лежиштата. Вообичаениот век на експлоатација на свеќичките за палење изнесува 120.000 километри, што беше апсолутно незамисливо пред 20 години. Векот на траење на спојката, амортизерите и сопирачките изнесува 80.000 километри. Најбрзо се трошат метличките на бришачите, за кои што важи период од околу 15.000 километри.

[box type=”warning” ]Овие податоци се по малку збунувачки за условите на нашиот пазар. Таму каде што завршува експлоатацискиот век за Европејците, кај нас штотуку почнува користењето на возилото. Добро би било барем половината од користените лимузини од увозниот бран од минатите години да има реална километража помала од 300.000 километри. Дека го возиме европскиот отпад, тоа е веќе одамна јасно. Дека мора да се реагира и да се протежира возење на помали, а со тоа и поевтини возила за одржување, кои дополнително ќе имаат и помал импакт врз животната средина, би било единствениот логичен начин да го преземеме европскиот начин на размислување околу мобилноста.[/box]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Најсилниот сериски Peugeot на сите времиња

Бесплатна „Петка“ на користење за сопствениците на BMW i3