за

Кои автомобили најмногу ги возат Американците?

Америка отсекогаш се разликувала од останатиот свет и по автомобилите што се возат. Најпродаваниот модел во минатата година е пикап – веќе три децении истиот модел.

На пазарот на патнички автомобили во Соединетите Американски Држави во минатата година се продадоа вкупно 15,6 милиони возила, што е повеќе отколку во сите европски држави заедно. Државата е голема и народот е голем, со различни барања и потреби во големите метрополи и широките пространства, па оттаму произлегуваат и огромните разлики во возниот парк во споредба со европскиот.

Најпродаван модел во минатата година, исто како и во 32-те години претходно е пикапот од серијата F на Ford, со повеќе од 760.000 примероци. Зад него е Chevrolet Silverado, секако и тој пикап, со бројка од 480.000 примероци. Дури на третото место следува класична лимузина, но и тука следува изненадување. Третопласираниот модел не доаѓа од домашните марки, туку од веќе одамна одомаќената јапонска марка Toyota. Потоа следуваат двата модела на Honda, големиот Accord на четвртото место и компактот Civic на шестото место, меѓу кои се наоѓа Dodge Ram – не е изненадување, и тој е пикап. Десетката од најпродавани модели ја комплетираат Nissan Altima, Honda CR-V, Toyota Corolla и Ford Escape, последниов познат кај нас како Kuga.

25 најпродавани модели во САД во 2013 година

Место Марка и модел Продажба во 2013
Ford F-Series 763.402
Chevrolet Silverado 480.414
Toyota Camry 408.484
Honda Accord 366.678
Dodge Ram 355.637
Honda Civic 336.180
Nissan Altima 320.723
Honda CR-V 303.904
Toyota Corolla 302.180
Ford Escape (Kuga) 295.993
Ford Fusion (Mondeo) 295.280
Chevrolet Cruze 248.224
Hyundai Elantra 247.912
Chevrolet Equinox 238.192
Ford Focus 234.570
Toyota RAV4 218.249
Hyundai Sonata 203.648
Chevrolet Malibu 200.594
Ford Explorer 192.397
GMC Sierra 184.389
Jeep Grand Cherokee 174.275
Volkswagen Jetta 163.793
Nissan Rogue 162.751
ToyotaTacoma 159.485
Toyota Prius 157.260

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибридниот Mitsubishi Outlander троши 1,9 литар бензин

Нов Qashqai излегува на секои 60 секунди